„… Централниот комитет на ВМРО изјавува дека вистински и траен мир на Балканот ќе има само кога ниедна балканска нација нема да наруши делови од друга балканска нација, кога секоја историски воспоставена балканска земја – а со тоа и Македонија ќе се управува сама со себе. Најголемата неправда во мировните договори е извршена против Македонија. Таа е неделива и според законите на нејзината географска локација и според волјата на народот, а сепак е растргната на три дела. Ова туѓо владеење над Македонија претставува трајна криза на Балканот. Оваа криза постои половина век, уште откако Македонците почнаа да се борат за своите национални права, својата политичка слобода и својата самоуправа. ВМРО изјавува дека ќе продолжи со својата борба сè додека не се постигне автономија на Македонија. …“


Посочил: Далибор

