1994.01.04_Весник Континент, Јордан Ангелов – британски дипломатски извештај, Софија

Во оваа статија има посоки дека во Државниот британски архив се чува извештај од британското Министерство за надворешни Работи од коложег 1944 година, во кој може да се согледа дека Форин Офисот тогаш имал јасна претстава за противправните претензии на соседите кон Македонија.

Целата содржина


Софија, 4 јануари

Денешен софиски „Континент” посветува цела страница на еден извештај на британскиот Форин офис за „македонскиот проблем“.
Анализата е од јануари 1944 година.
Документот се чува во Државниот британски архив и, според авторот на прилогот, досега бил непознат за бугарската јавност.

Извештајот на британското Министерство за надворешни работи, онака како што го претставува авторот на прилогот Јордан Ангелов, е еден историски пресек на „македонскиот проблем“ и на можностите за негово регулирање по војната.
Меѓутоа, вториот дел е многу „тенок” што алудира на заклучокот дека можеби и не е објавен во целост.
На таков заклучок наведуваат и амбициите на Ангелов да докаже дека „историските документи покажуваат дека грчките претензии кон Македонија се неосновани“.
Таа негова теза има основи во овој документ, но, во суштина, не поминува многу подобро и неговата примарна заложба: да покаже дека тие документи се на страната на Бугарија.

Тешко е да се направи преглед на историскиот дел на овој извештај.
Тој почнува со елинизацијата на Македонија во деветтиот век пред нашата ера и завршува со почетокот на Втората светска војна.
Од тој огромен период можеби треба да се одбележи констатацијата дека „Филип и Александар Македонски, владетели на Македонија, го прошируваат своето господство над грчките градови – држави по македонското крајбрежје и во јужна Грција…
Постоји, значи, јасно разграничување на Македонија и на Грција што може да биде интересно во врска со грчките претензии околу ѕвездата од Вергина.

Форин офис констатира дека „современата форма на македонското прашање е резултат од создавањето на бугарската егзархија и на грчката патријаршија.
Според британското Министерство, прво, од македонски бегалци (кои во Бугарија биле многубројни и претставувале речиси една половина од населението) е формиран врховен комитет со барање за присоединување на Македонија кон Бугарија“.
Една година подоцна, односно во 1896 година, според овој извештај, е создадена Внатрешната македонска револуционерна организација „чија цел беше автономија за Македонија, а нејзините водачи и покрај тоа што беа Словени, со години се обидуваа да воспостават пријателски односи рака, ниту со сите националности во Македонија”.

Слична содржина
1911_Василъ Кѫнчовъ – ‘Орохидрография на Македония’, Пловдивъ

Како што се гледа, дозволена е сериозна грешка од три години во однос на создавањето на ВМРО.

Потоа следува кус осврт на балканските војни, на Првата светска војна и на меѓувоениот период.
Има тука и некои детали кои говорат многу.
На пример, се вели дека со Букурешкиот мировен договор Македонија е разделена по линиите на реалната окупација“.
Значи, се говори за окупација, а не за какво било ослободување.
Или, на пример, една ваква формулација: „Земјата (Македонија 1915, н.з.) беше бугаризирана, бугарски свештеници и учители беа испраќани и словенските жители ги менуваа завршетоците на своите презимиња од „ик” на „ов“.
Претходно, се разбира, земјата е србизирана според одредбите на Букурешкиот мировен договор и тоа во оној дел што сега се означува како Вардарска Македонија.
Во тие години, согласно со Нејскиот договор, Грција „работи на размена на населението со Бугарија и на тој начин обезбеди преместување на голем дел од Словените од нејзината источна Македонија“.
Пред тоа, Грција „ја доби северна Македонија, Солун и егејското крајбрежје до утоката на Места”.

Значи, повторно се говори за „добивање“ за „реална окупација” и слично.
Тоа е во согласност со империската терминологија од крајот на Втората светска војна и, за жал, не се гледаат амбициите на таа империја во однос на Македонија по војната.
Така, авторот на прилогот во „Котинент“ завршува доста нагло.

Во тој поглед, „Србите трделе дека македонските Словени се само Срби кои бараат само неколку години образование за да ги прифатат фактите”.
Тој став ги предизвика „огорчените жалби на Македонците до Заедницата на народите и до целиот свет“.

Ефектот, според Форин офисот, беше реакцијата на ВМРО за која Југославија стана непријател број еден.

Прегледот завршува со тврдењето дека „голем дел од населението во југословенска Македонија беше автономистички настроено, а друг дел бил за присоединување на Македонија кон Бугарија“.

Во својата дополнителна белешка, авторот Јордан Ангелов вели дека овој извештај воопшто не може да се смета за „пробугарски настроен“ и дека „историските и духовните врски на населението во Македонија со Бугарија, продолжуваат да ги следат поголем дел од „југословенските Македонци”.

 

Посочил: Весник Дневник, новинар Бранко Тричковски