Според бугарската пропаганда, бугарската самоопределба на Словените во Македонија потекнувала уште од пред 1300 години. Но, еве една ставка како селаните Македонци, во случајов од селото Екши-Су “станувале” Бугари. Кога преминувале од грчката Патријаршија во бугарската Егзархија, со тоа како припадници на Егзархијата и според теократските правила во Османлиското Царство, биле заведувани како Бугари.
Ако селаните претходно не биле нешто друго, тогаш немало смисла да кажуваат дека, од Бугари станале Бугари.
Писмо од селаните на Екши-Су, до Николај Робев.
Македонски
„Ние селаните од селото Екши-Су, вистина е дека неодамна, ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ИЛИ ПОВЕЌЕ, СИТЕ СТАНАВМЕ БУГАРИ и ја признававме Светата Егзархија, но тогаш, кога се пишавме како Бугари, ниту и јавивме на полицијата (хокјумата), ниту оставивме какво било писмо во неа,… дали треба да му дадеме такво писмо на хокјумата или не, бидејќи сега гледаме дека Леринскиот владика (Грчки Патријарх) доаѓа, па се плашиме дека ќе ни бара данок за овие неколку години и да не ни се случи некаква револуција во нашето село.“
Български (OCR)
Ние селяните от село Екши-су наистина сега скоро, има една година и повече,
всички заедно станахме българи и признaхме Светейшата ни Екзархия, но в онова време, когато се наричахме българи, нито се явихме на полицията (хокюмата), нито оставихме някакво писмо при нея,… трябва ли да дадем такова писмо в хокюмата или не, защото сега виждаме, че е дошъл Леринският владика, та не се страхуваме да не ни поиска мирията за тези няколко години и да не се направи в селото ни някаква революция.
Посочил: Полјакот од Македонија

