Еден глас за цела Македонија
Насловот на овој новинарски напис не е случаен. Тој претставува збирен повик, односно заеднички глас на Македонците, каде намерно и свесно е употребено името „Македонци“, како народносно име. Со што се нагласува самостојната поставеност на Македонија и Македонците.
Написот на Македонецот објавен во весникот „МАКЕДОНИЈА“ покажува јасна македонска политичка и умствена самосвест во 1870 година – непосредно по издавањето на султанскиот ферман за создавање на Бугарската Егзархија (28 сечко 1870).
Македонецот во написот покажува јасно определен македонски национален став, во кој Македонците се појавуваат како посебен народ, различен од Грците и од Бугарите. Новооснованата Бугарска Егзархија, не се прифаќа безусловно, ниту пак самопосебе претставува национално средиште на Македонците.
Во написот не се повикува на „бугарско обединување“, туку на македонско самоодлучување. И тоа, преку сопствен глас, сопствени засегања и сопствена визија за црковна и општествена организација. Со ова, во написот се потврдува дека Македонците се народ со свои засегања, кои не се истоветни со засегањата на Бугарите. Така што нивната иднина, не смее да се решава без македонско учество и согласност.
Во написот се поставени јасни услови, новата Црква да биде евангелска, и соборна, за да не се повтори тиранијата и деспотизмот на грчките владици. Со реченицата: „ќе бидеме под друг Фанар“, прашува дали наместо грчки претопувачки (асимилаторски) религиски центар, Македонија сега ќе добие бугарски егзархиски претопувачки црковен центар.
Барањето за „СИНОДАЛНА, а не ДЕСПОТСКА“ црква е најважната идеолошка точка на написот:
– Македонците бараат СИНОДАЛНА ЦРКВА, управувана од Синод со учество на Македонците и македонското свештенство во Македонија. Синодалноста значи соборен систем каде што сите епархии се застапени со свои претставници во заедничката Црква. Што значи и македонските епархии би биле застапени со свои претставници во заедничкиот Синод. И ова како прв чекор на народното просветлување, со цел за иставање од тиранскиот грчки фанариотизам:
– Македонците не сакаат ДЕСПОТСКА ЦРКВА, управувана од егзарх и владици со апсолутна власт;
– Македонците бараат отчетност, крај на злоупотребите и претопувањето – целосна заштита на засегањата на Македонците и Македонија.
Современ македонски
Еден глас за сета Македонија.
Ставот, кој го имаме во сегашните околности на нашите места во однос на црковните работа, не ни простува да се продлабочуваме во нив, додека се уште силно се бориме со Фанарските владици; но глупаво нешто би било, ако останеме прости гледачи, без да го тргнеме она, кое што ги товари нашите грбови и ние со нашиот грб ќе го носиме, тежок ли ќе биде, лесен ли ќе е, за тоа по малку право имаме да мислиме, да си ги опулиме очите многу, особено ние Македонците.
Ферманот, како што излезе од милостивите раце на Н. В. С. А. [Султанот на Светата Земја н.з.], беше голема утеха за Бугарите, како што се видоа себе си прогласени по епархиите; по таа висока мислост ќе биде вклучено за Македонците преку 10-тиот член, преку кој ако сите или две третини покажат желба, ќе добијат спојување со Бугарската Црква. Но пред да се соединиме мислиме и сметаме дека должност наша е да ги прашаме и да кажат, како ќе пастируваат, според Евенгелската заповед ли, како што до денес ни пастирувале грчките владици, тирански и деспотски? Зашто како што ни промирисуват уште од сега ќе да се приклонуваат кон тој пусти деспотизам. Но за тоа не е срамота да ни кажат, оти така ќе биде, барем да не си ги бутаме главите залудно, па најпосле уште поголеми главоболија да имаме, за македонските прашања.
Сепак за да не биде така, туку да бидеме удоволени, утешени и фалени од цела Европа, и за тоа да ни биде првиот чекор на народното просветлување, затоа е потребно во сегашнава наша епоха, да постапиме добро и мудро, односно од двата патишта подобриот, да почнеме да одиме во Бугарската Црква; а кој подобро се разбира, знае дека Фанар е тиранин, затоа мораме сакале нејќеле, да се иставиме, црквата да биде СИНОДАЛНА, а не ДЕСПОТСКА, и така може да биде наш спас од Фанар, во спротивно пак сме под друг Фанар: поради оваа причина, еден глас повикува за сите Македонци, пред јавноста ја известуваат, дека од сега на таму, не е возможно вратот да се става под јаремот на калуѓерскиот деспотизам.
Затоа молиме нашите отци нека не се притеснуваат, за да не се дофати нивната достојност и да ја изгубат. Ние уште повеќе со тоа преобразување на свештенството (со промисла Божја) ќе му дадеме достојност и уважување; нека ни простат св. отци, за таа наша постапка, која ја сметаме за наша должност дека е.
Бидете затоа, уверени вие мои сонародници и вие добромислечки Бугари, дека од сите мачнотии, многугласието ќе ни заврши, како што пред нашите очи имаме и со една уста сакаме “Синодална Буг. Цьрква.
1-ви жетвар 1870.
Изворно македонско наречје
Единъ гласъ за всичка Македонiя.
Положенiето, което държиме на нынѣшнитѣ обстоятелства въ нашитѣ мѣста относително църковнытѣ работы, не ни проштава да вникнуваме въ тѣхъ, като се боримэ петличкы сѣ Фенерскытѣ влад. уще; но глупаво нещо бы было, ако останеме прости зрители, безъ да тѣгнеме онова, което ще товаретъ на гѫрбътъ и нiе съ нашйтъ гѫрбъ ке го носиме, тежокъ ли ке быдитъ, лесенъ ке iе, за това по малко право мыслимъ да имами, да си опулиме очитѣ много, особито нiе Македонцытѣ.
Ферманътъ, както излѣзе отъ милостивитъ рѫцѣ на Н. В. С. А. [Султанот н.з.], быде голѣмо утѣшенiе за Българитѣ, како ся видоха вяѣстени въ епархыитѣ имъ; по тая висока милостъ ке быде само исключително за Македонцытѣ чрѣзъ 10-йтъ членъ, чрѣзъ когото ако си покажатъ всичкытѣ или 2/3 желанiето си, ке сполучатъ съединенiе съ Българската Църква. Нъ прѣдъ да сѣ съединиме мыслиме и дъжностъ наша считаме да гы пытаме и кажатъ, како ке пастыруветъ, споредъ Евангелската заповѣдь ли, или како що до денеска ни пастырувале гръцкитъ владыци тиранскы и деспотическы? Защо както що ни промирисвитъ още отъ сѣга ке да склопвитъ кънъ това й пусти деспотизмъ. Но за това не iе срамота да ни кажитъ оти така kе быдитъ, баримъ да не си бухтаме главата суетно, па на послѣдокъ по-големи главоболiа да имаме, въпроси Македонскы.
Обаче за да не iе така, туку да быдiме удовлетворени, утѣшени и хвалени отъ всичкѫтѫ Европа, и това ке ни быди първѫтѫ крачка на народното ни просвѣщенiе, за това трѣбитъ на сегашнава епоха нашя, да постѫпимъ добрѣ мѫдро, то есть отъ двата пѫтища подобрыйтъ, да почнитъ да закрачитъ Бълг. Църква; а кои iе подобрыйтъ сѣ разумѣва, сѣ знаитъ оти Фенерскыйтъ iе тиранскы, та трѣбитъ прочее волно не волно да склонимъ, щото църквѫтѫ да быдитъ СИНОДАЛНА, а не ДЕСПОТИЧЕСКА, и така можитъ да быдитъ нашето спасенiе отъ Фенерь, инако-яче пакъ сме поъ другы Фенеръ: за това прочее, единъ гласъ викатъ за всичкытѣ Македонцы, прѣдъ публиката и извѣстуватъ, чи не iе възможно вратътъ да склонитъ въ игото на калугерскыа деспотизмъ отъ сега на тамо.
Нашитѣ прочее отци молиме нека не сѣ притесняватъ, да не имъ се докачитъ достолянiето и го изгубaтъ. Нъ още повикiе съ това прѣобразованiе на клирътъ (съ промысленiе божiе) ке му дадиме достолепiе и уваженiе; нека ни простатъ св. отци, за тая наша постѫпка, която мыслиме за наша длъжностъ да iе.
Быдите прочее увѣрени, вiе мои съотечественици и вiе добромыслiащи Бълг., оти съ всичкытѣ мѫчнотiи, вишегласiето ке ни се свършитъ, като прѣдъ очи имаше и съ една уста сакаме “Синодална Бълг. Цьрква.
1-й Iунiй 1870.
Посочил: Полјакот од Македонија

