Македонски (современ правопис)
Бегалците од Егејска Македонија ни раскажуваат…
По свршувањето на тешката и крвава војна, кога сите слободољубиви народи — кои што се храбро бореа против германскиот окупатор — тргнаа по слободниот пат на обновата и изградувањето на своите земји, по патот кон побогата и посреќна иднина на најјужниот дел на Балканскиот полуостров во Грција — започна невидениот терор на монархофашистичкиот режим, на чии што методи за истребување на народот, би можеле да му позавидат и најзлокобните хитлеровци.
Делење на помошта од Црвениот крст на бегалците од Егејска Македонија
Со отворена и полна соработка на англиските воени и цивилни власти, здружените банди на монархофашистите го извршија бесниот терор врз целиот грчки народ, а особено врз македонското население во Егејска Македонија, каде што не остана недирнат ни еден крај, ни едно село, ни една куќа.
Не можејќи да го поднесат теророт, старци, жени, деца и мажи од Егејска Македонија бегаа преку границите на Грција, барајќи уточиште во соседните демократски земји.
Сосема опустеа околиите Воденска, Леринска, Костурска и Кожанска. Останаа само разурнати куќи, опустошени трла и осамнати огништа.
Околу 20.000 бегалци од Егејска Македонија денеска живеат вон од своите куќи, од својот роден крај, а многумина од нив не можат да го избегнат крвавиот терор на монархофашистичките банди.
Во Битола и во Свети Николе, во Струмица и во Гевгелиско, насекаде живеат бегалци од Егејска Македонија, живи сведоци на криминалните дела на еден режим, кој што се одржува со доларска помош и со своите „демократски“ покровители.
Сеќавајќи се на преживеаните ужаси во својата земја, тие раскажуваат:
Тие раскажуваат за своите куќи, за своите плодни полиња, своите полни трла. Раскажуваат за својата кратка среќа кога Германците беа истерани од нивниот крај и кога партизаните слегуваа во нивните села. Тие исто така раскажуваат за втората окупација — како што тие го нарекоа присуството на англиските воени власти — и за страшните маки и патила, што ги преживеаја од разјарените монархофашистички ѕверови.
„Нашите мажи не се доискажуваат“ — вели старата Андроника Аврамова, бегалка од Егејска Македонија…
Македонски (оригинален правопис)
Бегалците од Егејска Македонија
ни раскажуваат…
По свршуењето на тешката и крвава војна, кога сите слободољубиви народи — кои што се храбро бореа против германскиот окупатор — тргнаа по слободниот пат на обновата и изградувањето на своите земји, по патот кон побогата и посреќна иднина на најјужниот дел на Балканскиот полуостров во Грција — започна невидениот терор на монархофашистичкиот режим, на чии што методи за истребување на народот, би можеле да му позавидат и најзлокобните хитлеровци.
Делење на помошта од Црвениот крст на бегалците од Егејска Македонија
Со отворена и полна соработка на англиските воени и цивилни власти, здружените банди на монархофашистите го извршија бесниот терор врз целиот грчки народ, а особено врз македонското население во Егејска Македонија, каде што не остана недирнат ни еден крај, ни едно село, ни една куќа.
Не можејќи да го поднесат теророт, старци, жени, деца и мажи од Егејска Македонија бегаа преку границите на Грција, барајќи уточиште во соседните демократски земји.
Сосема опустеа околиите Воденска, Леринска, Костурска и Кожанска. Останаа само разурнати куќи, опустошени трла и осамнати огништа.
Околу 20.000 бегалци од Егејска Македонија денеска живеат вон од своите куќи, од својот роден крај, а многумина од нив не можат да го избегнат крвавиот терор на монархофашистичките банди.
Во Битола и во Св. Николе, во Струмица и во Гевгелиско, насекаде живеат бегалци од Егејска Македонија, живи сведоци на криминалните дела на еден режим, кој што се одржува со доларска помош и со своите „демократски“ покровители.
Сеќавајќи се на преживеаните ужаси во својата земја, тие раскажуваат:
Тие раскажуваат за своите куќи, за своите плодни полиња, своите полни трла. Раскажуваат за својата кратка среќа кога Германците беа истерани од нивниот крај и кога партизаните слегуваа во нивните села. Тие исто така раскажуваат за втората окупација — како што тие го нарекоа присуството на англиските воени власти — и за страшните маки и патила, што ги преживеаја од разјарените монархофашистички ѕверови.
„Нашите мажи не се доискажуваат“ — вели старата Андроника Аврамова, бегалка од Егејска Македонија…
Посочил: Вождот
*OCR е извршен од страна на ВУ DeepSeek – DeepSeek компанија.

