• 1941.05_Методија Шаторов – Шарло – Писмо до Стојана •
„Писмо до Стојана“ е проглас на Методија Шаторов – Шарло во облик на писмо што како тогашен секретар на ПК КПЈ за Македонија,го упатил до македонскиот народ во косар 1941. Прогласот е напишан на македонски народен говор, а има облик на писмо за поголема непосредност. Потпишано е со „Митре“, што е едно од тајните имиња на Шарло, додека „Стојан“ е измислена личност. Во писмото се утврдува новонастанатата состојба по запоседнувањето на Југославија и Грција од Силите на Оската во тревен 1941 година и се повикува народот на борба против запоседнувачите.
Поради повоената осуда на Шарло од страна на македонското и југословенското раководство, овој проглас на Шарло, исклучително важен во борбата за истакнување на македонската национална самобитност, бил целосно запоставен. И до денешен ден тој не е доволно познат во пошироката јавност.
———
„Драги Стојане,
Оваја пролет на полуострово се развија големи собитија, који од корен променија политичкото и военото положение на балканите, та претставља голем интерес за нас како Македонци, па реков со тебе да разменам мисли….
… Мнозина се прашаат како така една држава како Југославија, која броеше 15 милиона, капитулира за 10-12 дена. На това се дава отговор, оти Немците биле многу спремни, со голема техника и дисциплина. Това е истина, али несет само тија причините. Има многу по главни причини, а тие сет:
прво, безразличието на широките народни маси по одношение на југословенската држава и правителства, који 23 години плјачкаја и потискаја народите на Југославија;
второ: предателството на петоколонашите; и
трето полната анархија во организацијата на воениот апарат…
… Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овај факт нас не интересуе како Македонци, који половина век сме се бореле како Македонци за национално и политичко ослобождение, како последователи на водачите и основателите на македонската натрешна организација на чело до Гоце Делчев, Јане Сандански, Гјорче Петров, Пере Тошев и Димо X. Димов.
… Во чл. 1 од Уставо на Натрешната револуционерна организација е речено, оти организацијата се бори за политическа и национална слобода, за автономија на Македонија.
Во чл. втори на истио Устав се вели, оти за осушестјаване на таја цел се бори против шовинизма за збиране на сите македонски сили во едно цело. Знае се од македонската историја, оти во натрешната организација влегјале лугје не само македонски Славјани, ами и Цинцари, Турци и др. који се бореле против турското господство и потисничество. На пример, славнио герој и војвода од Крушевското востание беше цинцарино Питу Гулев. Многу бедни Турци биле четници и се бореле против турскио апсолутизам за слобода и равноправие.
Јасно е како бел ден, оти македонците не се борат само за да имат свој попови и даскали и биле тие бугарски, арнаутски или влашки. Македонците се борат за своја национална и политичка слобода. Некој македонци-врховистите сакајат да кажат оти борбата на македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски, италијански и бугарски војски. Дали това е истина. Не е ни не може да биде, зато што Македонија не доби национална и политическа слобода. Денеска не само Македонија, ами целио Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на две големи империјалистички држави: Германија и Италија, со прилепените бугарски војски. Голем дел од Македонија има веќе бугарска администрација. Полицески чиновници, джандари, кметови, секретар-бирници, писари, даночни чиновици сет назначени и требе да се кажи, оти сите тија сет од Бугарија. На Македонците не се дава чиновничка служба, дури немат право да бидат селски кметови. Со право се праша секој честен Македонец: „Каква ли е оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугарија, а Македонците се држат под карантина”. Во најдобрио случај на македонската интелегенција се таксуваат служби по селата на Бугарија, но по никаков начин служба во Македонија. Аргументите за това сет истите, кој употреблјава и србите: „Не знаете официално државен јазик”.
Како што до сега врват работите, може да се заклјучи, оти Македонија пак ќе биде разделена, како што беше до сега таква.
Германците истргаја војските од Дебар, Гостивар, Кичево и Тетово и тија четири македонски градови беја окупирани од Италијанците. Бугарски војски таму не сет допуштени како што не сет допуштени и во цела грцка Македонија. Окупацијата од страна на Италијанците на северозападна Македонија со право возбуди во македонските среди големо незадоволство од политиката на Хитлер и Мусолини. За мнозина стана јасно, оти характеро на оваја војна не е ослободителна а е војна завојевателна. Горните четири градове со околиите им сет осудени на сигурна смрт, зато што економически беја тие врзани за Битола и Скопје, без да говориме, оти исторически и географически секогаш биле дел од Македонија.
Едно време беф ти пишал, оти Македонците нема ништо да спечелат од една империјалистичка војна, а ти во тија моји зборови се сомневаше. Ти велеше, оти нека да има војна само и само да им видиме грбовите на Србите, да се ослободиме. Како што слушам не си бил задоволен од „слободата”. Ти си во право, зато што во Македонија се променија само управниците, а не и системот. Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, нито пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско. Од горе на сето това настана голема скапотија и немаштија. Работа нема, пари малку, а со тија пари ништо не можи да се купи…
…Како во нашио град, така туку речи во сите градови на Македонија се создадоа македонски комитети. Во тија комитети влегоја испечени врховисти, а негде и искрено мислешти и веровашти Македонци. Во некој градови како што е скопскиот, беја од Бугарија испратени претседатели и секретари за да раководеле дејноста им. Со други зборови беја испратени тутори, за да не би Македонците нешто да згрешат.
„Много честни членови од комитетите избегаја, зато што видеја, да комитетите се исползуват за спроведување на чисто бугарска политика, а не на македонска за викане само ура и да живее Хитлер, Мусолини и цар Борис; за вршене на нечести дела и грабене на имоти, земане потписи, меници и пр. Некаде влегоја во тија комитети и отворени македонски предатели, који во продолжение на 23 години беја десната рака на великосрпските шовинисти. Тија комитети ногу брзо си изиграја ролјата, зато што не се јавија заштитници на македонските интереси и изгубија секакво доверие во народо. Комитетите беја и сет база на окупаторите.
Од досегашните речи и изјавленија на одговорните министри и лица, ништо не е речено за македонското село. Како мисли правителството да разреши аграрнио вопрос изгледа и на министрите не им е јасно. Тие немат определена аграрна програма. Това се изгледа да положението на македонскио селјак од промената нема да се измени. Извесно е, оти натрешната организација на Гоце Делчев имаше како земледелска програма раздаване земјата од чифлик-сајбите на сиромашните сељаци. Таја програма на натрешната револуциона организација е длабоко зараснала во сознанието на македонскио селјак. Тој есапи, промена во политическото положение на Македонија и слободата, без друго треба да врви со промена и во стопанисване на земјата. Ке треба сета зем/а на чифлик сајбите (Турци и Македонци), на српските великаши и национални герои, како и земјата на Македонците, вакафите и црквите да се раздај на сиромашните селјаци. Наместо државата и македонските комитети да сторат това, они гледајат зграбената земја на српските великаши да ја дадат на старите некогашни стопани-чифликсајби или на некој бугарофили да станат чифликчии.
Најопасното е во овај момент пројавата на оделни шовинистически настроенија во средата на Македонците и Бугарите, који можат да имат многу тежки последици за македонскио народ. Над турци и арнаути се врши насилие. Над нифните религиозни // традиционални предрасуди се посега. Фесовите н фереџината насилно им се фрлат. Това нешто, од друга страна, особено во средата на Арнаутите, разбужда омраза по отношение на Бугари и Македонци. Во Тетово дошло до бој и има убиени и ранени Македонци, а италијанските војски гледат си сеир и распалват шовинистички бес мегју народите во Македонија, за да можат по лесно да ја владејат, кога не сет зговорни мегу себе народите. Создава се едно положение на нетрпимост.
Албанците во Македонија сакајат да влезат во албанска држава тие да станат, со други зборови, робови на италјанскио империјализам. Тоја нифни национализам е поткрепен, сознателно од италијанските власти који сакајат дури гр. Скопје да влези во Албанија т.е. господари да сет Италјанците. Соштествува голема опасност Македонија да биде пак раскината, а незините народи да страдат од искуствената граница, која ќе се создај од империјалистите. То се знае, да италјанската политика е подкрепена од Хитлера.
Праша се што да се чини. Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ. За таја своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на балканскио полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква. Целиот Балкански п-в е окупиран од големите империјалистички држави Германија и Италија. Создаване на држава по подобие на Хрватска (Анте Павелич) е една комедија. Анте Павелич е орудие на Немците који одделија од Хрватско и дадоја Далмација на Италија. Тоа не е независимо Хрватско, не е слобода. Балканските народи денеска изгубија своја слобода и независимост и сите сет окупирани од тугји војски, затова и борбата за слободата треба да биде општа…“
Посочил: Каран

