Пред повампирувањето на грчкиот експанзионизам, кој се појави со создавањето на независна Македонија и согледувајќи ја нејзината слабост, претходно во социјалистичкиот југословенски период постоеше време на благо грчко помирување со стварноста за постоење македонската државност. Од таму се наидува на разни званични документи од тоа време, каде вардарскиот дел е обележан како Македонија.