Што да очекуваме од образовен систем наметнат само од една личност?
Вршителката на должност министер за образование во нивната земја, по секоја цена турка реформи во образованито само по нејзина замисла и волја и со амин на душманите од странство. Не се важни мислењата на највисоките институции во земјата, став на личности кои се пример во педагошката дејност, јавноста, родителите. Исто како со законот за попис кој го наметнаа по секоја цена и според кој ќе не нема како народ, така се наметнува и концепт за образование според кој ќе имаме неписмени но сеопфатно сексуално образовани ученици. Бесмислено до немај каде. Додека јавноста е згрозена од ставот на министерката и сеуште веруваат деке е несериозна и ненамерна грешка, од страна на министерката веќе се врши обука – едукација на наставниот кадар за сеопфатното сексуално образование. Значи веќе имаме едуциран кадар кој може своето знаење да го пренесе на нашите најмлади, нашата иднина која треба да ја препуштиме на милост и немилост на болните намери на т.н. министерка.
Загрижените за нашата иднина се натпреваруваат да помогнат овој концепт на образование што побрзо да се имплементира во нашиот образовен систем. Едукацијата потпомогната од Институтот за човекови права, Нордискиот институт, Шведската Амбасада, УНДП и во време на криза се одржува со цел што побрзо да се „ едуцира “ наставниот кадар по нивните мерила , стандарди и (без)вредности.
Невидено самоволие, ароганција, некооперативност од страна на т.н. министерка.
Очигледно дека треба да се првземе конкретна акција против примената на намерата на власта во нашето образование. Како што со бојкот на пописот мора да го спречиме актот за бришење на македонскиот народ и идентитет, со бојкот на реформите во образованието треба да ја спречиме примената на новите наставни содржини во образованието.
Ние сме традиоционален народ, горд на својата традиција и обичаи. Традиционалното семејство е основа на нашето општество , бракот е заедница помеѓу маж и жена, родителите се нарекуваат мајка и татко и никако поинаку. Во тој дух и на тие темели треба да се потпира образовниот систем и никако поинаку. Се што е надвор од овие рамки е проблем на поединецот, кој треба да се третира но не и да се рекламира. Ненормалното и неприродното неможе и не треба да биде нормално.
Ви ги презентираме сертификатите со кои се стекнаа слушателите на едукацијата за сеопфатно сексуално образование, па самите проценете дали образованието на нашите деца треба да го довериме на овие личности.
24 Сечко 2021.
СТАВ НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА