Category: АII СВЕДОШТВА
Изјави и постапки кои одат во прилог на македонската самобитност.
2008_Борис Сандански
Борис Сандански потомок на Јане Сандански, член на ОМО Илинден – Пирин, говори на 130 годишнината од македонското Кресненско востание. Посочил: Poljakot od Makedonija
Хриса Калиманова (1986)
Хриса Калиманова била само една од многу партизанки нa НОБ во Егејска Македонија, кои целата своја младост ја поминале измачувани во занданите од грчката војска и полиција. Во интервју раскажува за геноцидот над Македонците од Егејскиот дел на Македонија (снимено 1986 година): На, полицискиот дом не’ пречекаа со зборовите „Добредошла б’лгарко“ – јас му реков не сум б’лгарка! Вели ,Шо…
1890_Георги Бакалов – ‘Претендентите за Македонија’, с22, Варна
Бугарскиот социјалист Георги Бакалов кој пишувал под псевдонимот Глигорев за македонското самочувство рекол: „… Во селата во Македонија ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на Православната религија… деветорица од десет од овие луѓе и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави, ќе ви одговорат на прашањето што се по националност, дека се Македонци. …“ …
1903 « 1957_Никола Киров Мајски – ’В строја за Македонија‘, Софија
Бев испратил статија до “Автономна Македонија” за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настојчиво молам за нејзино публикување. Од капитално значење е да ја сврземе нашата кауза со старата историја на Македонија. Никола Киров Мајски, Во строј за Македонија – Историски факти, белешки и документи, I, Софија, 1957, 110а – ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I…
1941-1949+_Крсте Димитров Нушков и други – бомбардирање и прогон
Повеќе лични сведоштва за бомбардирањето со напалм, измачувањата и прогонот на Македонците од Беломорска Македонија.
Крсто Гермов Шакир (1868 – 1962)
Слики од погребувањето на војводата Крсто Гермов – Шакир војвода. Посочил: Poljakot od Makedonija
1895_Атанас Шопов – ‘Од новата историја на Бугарите во Турција’, Пловдив, с77-78
Атанас Шопов за Коста Групче – „… Тој проповеда дека Македонците не се ни Срби, ни Бугари, туку целосно одделна славјанска народност … Групчев со лажно име се труди да ги протне своите лицемерни начела… Тој го прегрнал и го проповеда мнението дека Славјаните во Македонија се дотолку Бугари и Срби, колку што се и Руси, Чеси и Полјаци. Дека…
2010.02_Стојан Георгиев – Томовичин
„… Не другар истражител јас не сум Бугарин јас сум Македонец …“
2018.06.08_Катерина Трајкова Нурџиева – внуката на Гоце Делчев
„… Не за друго, за да знаат Македонците дека Гоце и неговата фамилија се посветени само на Македонија. … Затоа, чувајте го чисто името, не некој да го присвојува … Животот го даде знаејќи дека умира за Македонија. Во устата на Гоце стално стоеше зборот Македонија. Да се чува Македонија, зашто од Македонец, подобар, почесен човек нема. …“ Најмалата внука…
2000+_Мајнови, с. Илиџиево, Солунско
Брачен пар Македонци од с. Илиџиево (Неа Халкидоња) од близината на Солун каде живеат и многу други Македонци зборуваат за себе како домородни Македонци кои зборуваат на македонски јазик. На видеото се гледа слика од Гоце Делчев ставена до иконите. Посочил: Spiritual Pulsar
2000+_Грчка NET TV – Македонски јазик, Солун
Македонскиот јазик според ЕК го говорат 75000 жители на Грција, но според Ethnologue има 180 000 само во административната област Западна Македонија. Посочил: Spiritual Pulsar
1900~ « 1988 « 2000_Божидар Видеоски – ‘Текстови од дијалектите на македонскиот јазик’, Скопје
За Гоце Делчуф „… Помнум еште ка ма-нусиа на-Солун. Тугај ного са-гуворше за-Гоце Делчуф. Иjше у-нас, ниа гу-чувахме. Е, тугај, ка-с-запали Калинуво, татко ного jаде кутек ут-Турците. Гу-калваа, ниа ричеме татко к-о-утепат. Арно ама н’оо-дее, сј-о земе дома. Там бих и аска. Турцте ного пакус правиа, запалиа селта, запалиа ного нарот, ного нарот измре тугај. Тугај ас бих уф-них, уф-вуjчинне….
Стојан Везенков (1828 – 19 коложег 1897)
„… познат македонски водач, борец за независна Македонија, глава на македонското востание против турското владеење …“ Стојан Везенков, македонски борец за слобода, панславист чиј спомен е длабоко врежан во спомените кај македонскиот народ.
1947-1949 « 2010_Христо и Александра Колувеови
Сопружниците Христо и Александра Колувеови потекнуваат од с. Бабчор, Егејска Македонија. Биле борци за демократска Грција: тој извршувал курирска задача, седум пати бил ранет во војната; а таа била одговорна за пушкомитралезот. Родени се во с. Бабчор, Христо во 1928 г., а Александра во 1931 г. За жал, поради болест од Христо не дознавме многу, освен дека го мобилизирале во…







