Category: А06 Грчки извори разни
Докази за македонската самобитност потврдено со докази од разни грчки извори.
1992_Εκδοσεις «Δωδωνη» – Παυλος Μελας Βιογραφια, e2, Αθηνα – Γιαννινα
Овој исечок од животописот на Павлос Мелас документира за јазичната и културната одвоеност на местното население во Македонија од Грците на почетокот на 20 век. Фактите кои ги наведуваат грчките војводи – дека жените не знаат грчки, дека зборуваат со народ на македонски јазик и дека народот го прифаќа на тој јазик – се јасни докази за постоењето на македонскиот…
1951_Команда на грчката војска – Македонија во СФРЈ
На високата команда на грчката војска, не ѝ смета во 1951 година, да издаде земјописна карта, во која, С.Р. Македонија, сојузна единка на тогашна С.Ф.Р. Југославија, е именувана како „МАКЕДОНИЈА“. Посочила: М
2015_Savina Yannatou, Primavera en Salonico – ‘Watersong – Pismo Dojde Od Soluna Grada’
Грчката музичарка Savina Yannatou, заедно со музичкото друштво Primavera en Salonico, во песнозбирката Watersong, посветена на музички дела од градот Солун, ја преобработува домородната народна песна „Писмо дојде од Солуна града“, што сведочи за присуството на македонскиот јазик во градот Солун. Посочиле: Портал Офф нет Извор: Тема – Savina Yannatou
1918.10.28_The National Archives of the US – Legation Royale de Grece a Washington, p690 – 714
Писмо испратено од Грчката Кралска Легација во Вашингтон до Владата на САД во 1918 година, во кое грчката дипломатија се обидува да докаже дека населението во Македонија не се ниту Бугари, ниту Срби, а оние кои зборуваат на словенски јазик не се ни Грци. Писмото е дел од голема збирка на различни документи, кои биле испратени од Владите на разни…
1909_Ο Ελληνιςμος εη Μακεδονια
Грчките творци на книгата ‘Хеленизмот во Македонија’ , прибележале дека Славоговорните (како што тие ги нарекувале Македонците) во грчката држава, независно колку често ја менувале својата припадност (поради разните пропаганди), сепак на крај велеле: „Ние сме Македонци“. Посочил: SamuGun (2022.03.29 · 5:38)
1923+ « 1953_Ελευθέριος Α. Σταυρίδης – ‘Τα Παρασκήνια Του ΚΚΕ’, Ατινα (pdf)
Во книгата е ставен новинарски разговор на Тодор Паница (најблизок соработник на војводата Јане Сандански) кој го водел со грчки новинар: Машински превод: „… “МАКЕДОНСКА ДРЖАВА“ Вие од ВМРО, нема ли да учествувате во новата влада? Повторно истите прашања? Бидејќи веќе ви објаснив дека ние од ВМРО не сме Бугари, зошто би сакале да ја управуваме Бугарија? Ние сме Македонци,…
1912—1913 « 1977_Stratis Myrivilis – ‘Life in the Tomb’
„… Овие се селани чиј јазик е сличен на тој од Бугарија и Србија. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаат децата во војска. Другите ги мразат поради бедниот однос на нив како ‘Бугари’. Тие покажуваат наклонетост кон нас како Ромеи, бидејќи ние сме вистински претставници на ‘Православниот патријарх од Константинопол’ … Како и да е, тие…
2022_Δημήτρη Μόσχου – Μακεδόνικο παραμύθι
Македонска бајка од Димитрис Мосхос Поезија Уводен текст во книгата: „Поезијата од Македонија која е невидлива во Грција, главно потисната поради името. Напоредно со забранетиот јазик изгубено е сѐ што е на него напишано. Антологијата вклучува седумнаесет поети и поети кои пишувале и пишуваат на македонски јазик уште од 1945. Поетските струи се претставени во подробности, од првите повоени поети…
1988_Хеленска Република и СР Македонија, дипломатски дописи
Додека Република Македонија е во состав на југословенската федерација, Грција со текот на времето, сѐ повеќе се помирувала со името Македонија. Така во грчките службени дописи на дипломатско ниво, од 80тите години на минатиот век, може да се види, слободна употреба на званичното име – Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА. Посочила: DragonGirl
1925_Грчки весник
ОЛЕСНУВАЊА ЗА МАЛЦИНСТВАТА ПРИМЕНА НА УСЛОВИТЕ ШТО ПРАВИ ГРЦИЈА АТИНА – Владата продолжува да ја применува програмата околу образованието на малцинствата воведувајќи ja во сите училишта на малцинските славофони од Македонославјански јазик. Обучувањата, предавањата на овој јазик ќе започне под (од) предавања, образование и обучување на тукашните – домородни предавачи по основ на одредбите за условите на малцинствата. Посочил: SamuGun
1821 « 1962_Notis Botzaris – ‘Visions Balkaniques Dans la préparation de la révolution Grecque 1789-1821’, pg.149, Geneve
Грчкиот академик Нотис Боцарис во својата книга „Балканските визии во подготовката на грчката револуција 1789 – 1821“ цитира историски извор од 1821 година во кој Македонците се наведени како засебен народ, одделeн од Грците, Србите, Албанците и Романците. Боцарис во книгата ги опишува напорите на тајната грчка револуционерна организација Филики Етерија (Друштво на пријатели) – основана во 1814 г. во…
1828 « 2002_Giannēs Koliopoulos, Thanos Veremēs – ‘Greece, The Modern Sequel, from 1831 to the Present’, London
„… Јоанис Каподистриас, првата грчка глава на државата, имал малку двојби за северните ограничувања на Грците. Во неговиот одговор на прашањето од трите грчки Заштитнички Големи Сили во 1828 за ‘одбранбената граница’ на новата држава, тој ја предложил реката Аос-Мецовон-Пл. Олимп како ‘природно’ раздвојувачка линија и објаснил: ‘Во древните времиња ова заокружување исто така ја раздвојувала Грција од неговите северни…
1989.04.05_Η Ελλάδα απαγορεύει την αναφορά των Μακεδόνων στα σχολικά της βιβλία
Званичен грчки документ во кој се налага измена на сите учебници и бришење на народност Македонци. „… Република Грција ПРЕФЕКТУРА ПРЕВЕЗА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВТОРО ОБРАЗОВАНИЕ Л. ИРИНИС 40 481 00 ПРЕВЕЗА Превеза 5 тревен 1989 година Уп. бр.838 ДО: Директорите на неговите училишта Нашиот регион Нивните места Знаеме дека во минатото на некои училишта им беа доделени ламинирани…
1928_Грчки попис (Македонословени)
Во грчки попис од 1928 години наведени се 81 984 кои себе си се завеле под графата Македонословени, напоредно со значително помалку 16 775 кои себе си се ставиле како Бугари. Посочил: Visit Macedonia
1934.06.26_ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΗΣ (грчки комунистички весник), p1
„… Секој ден влечкаат сиромашни Македонци, земјоделци во затворите поради долгови од 60 до 100 драхми. (…) Сите овие сиромашни МАКЕДОНЦИ не знаат грчки, си го зборуваат МАКЕДОНСКИОТ јазик. Од многу тепање биле принудени да речат дека низ нивните села поминувале комитаџии. …“ Посочил: Кукузел






