Category: А10.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ.
1907_Тимотеј Флорински – ‘Славјанското племе’
„… Македонските Словени не се ни Срби ни Бугари, туку совршено посебно, самостојно, различно словенско племе. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1569 — 1586_Alonso de Ercilla – ‘Araucana’
„… Може ли некој да ги изброи ескадроните? И големиот број галии? Толпи и мешавина од нации… Видов Хрвати, Далматијци, Славонци, Бугари, Албанци… Грци, Македонци, Турци, Арапи, Сиријци, ’сарацени‘, Африканци. …“ Цитат од книгата на шпанскиoт патешественик и поет Алонсо де Ерсија и Зуњига (1533 – 1594) во која ги спомнува Македонците како посебнa народносна единка. Восхитен од “Новиот свет”,…
1985_Roman Jakobson – ‘Selected writings, Early Slavic Paths and Crossroads’, p34, tVI
„…словенските Апостоли Константин – Кирил и Методија биле во можност да го употребат нивниот мајчин МАКЕДОНСКИ дијалект за нивната мисионерска работа во Моравија. …“ Целиот пасос: „Кога, пред повеќе од илјада години, првиот словенски писмен јазик влезе во употреба и почна да се шири, лингвистичките разлики во рамките на словенскиот свет биле незначајни споредено, на пример со радикално различните дијалекти…
1832_Thomas Gordon – ‘History Of The Greek Revolution’, p113
Во грчките востанички превирања како еден од капетаните се споменува Хаџи Продан Македонски. Подолу во фуснота се појаснува дека Хаџи Продан бил од руско или македонско потекло. Јасно е дека некој кој има славјански прекар македонСКИ не би можел да биде Грк и не би бил ставен на споредба како некој со можно руско (или македонско потекло) ако не се…
1908_Giovanni Amadori – ‘La Questione Rumeliota’
„Како Македонецот го сфаќа поимот ‘Бугарин’… Кога е нешто грубо, нападно или вулгарно, тој тоа го вика ’БУГАРСКА РАБОТА‘… Коренот на зборот „бугар“ НЕМА НИКАКВО НАЦИОНАЛНО ЗНАЧЕЊЕ, и самиот збор не е исто со ’Булгар‘.“ „… Антрополошки, словено-македонската РАСА (народ, етнос н.з.) е словенска со многу сличности со српската и со бугарската. Јазикот, исто како и расата, е словенски….
1920_W.J.Ferrar – ’The proof of the gospel being the demonstratio of evangelica of Eusebius of Caesarea‘, New York
Македонците како посебен народ на преминот од стара во нова ера. „… Од тој миг еврејскиот народ стана подреден на Римјаните, Сиријците исто така, Кападокијците и Македонците, Битинијците и Грците и со еден збор сите други нации кои биле под римско владеење. …“ Посочил: MMAMAKEDONIA
2004_Hans-Lothar Steppan – ‘Der Mazedonische Knoten’, (Peter Lang)
„Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 – 1914)“ од Ханс-Лотар Штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век. „Македонскиот Јазол“ е книга од германскиот амбасадор…
1313—1330 « 1865_Georgii Pachymerae – ’Ephraemi Chronographi Caesares‘, t1
Ромејскиот историчар Ѓорѓи Пахимера ги спомнува Македонците и нивниот главен – „прв град“, Солун. Повеќе летописци од средниот век говорат за Солун како „главен град“ на Македонците. Посочил: Види Види Извор: archive.org
1646_Alessio Pulci Aquilano – ‘La penna fedele nelli presenti rumori del turco’, Roma
Македонците спомнати меѓу европските христијански народи – Бугари, Власи, Грци, Полјаци, Унгарци. Посочил: Macedonia : a True Endless Story …
2014.06.02_Ian Worthington – ‘By the Spear, Philip II, Alexander the Great, and the Rise and Fall of the Macedonian Empire’
„… Културата, од таму, немала ништо со да се биде ‘варварин’. Она кое Грците го мислеле со изразот било некој кој не зборува грчки. Два пати за време на своето владеење кажано е дека Александар зборувал на македонски, првиот пат на судењето од неговиот генерал Филота во 330 и вториот пат во говорната караница со Клит во 328. Со тоа,…
1921.02_The Archaeological Institute of America – ‘Art and Archaeology’
„… Старо Црковниот Славјански, литургиски јазик на Источната Православна Црква е заснован на Солунското наречје на Старо Македонскиот, еден од Јужните Славјански јазици. Современите Јужни Славјански јазици се Македонски и блискиот Бугарски, Српско-Хрватски и Словенечки. …“ „… Христијанизацијата на Чешкиот Војвода Бировој во 874, од страна на Македонските апостоли, Кирил и Методиј, кое наскоро беше проследено со Христијанизација…
1767_Mathiam Antonium Relkovich – ‘Nova Slavonska i Nimacska Grammatika’
Славјанскиот јазик како мајка на многу други јазици: Московски, Полски, Пемски (?), Хрватски, Далматински, Славонски, Српски, МАКЕДОНСКИ, Албански, Босански… За разлика од северните славјански говори кои примиле германски зборови Албанците, МАКЕДОНЦИТЕ, Србите и Бошњаците попримиле многу турски зборови кои се измешале со славјанскиот говор. Хрватскиот просветителски писател, Матија Релковиќ, го наведува македонскиот јазик како еден од ограноците на словенскиот јазик…
1925 « 2002.12.04_Richard von Clogg – ‘Minorities in Greece’
„… Истата година (1925), Салванос, Шеф на Штабот од Десеттата Армиска Дивизија од Западна Македонија, напишал студија за „народносниот состав“ на Леринската област и можностата за сместување на избеглици таму. Во неа, тој познал дека само малцинство од обласното население има чисто грчка свест која е зајакната низ грчката пропаганда во текот на Македонската Битка. Салванос забележал дека Славјаноговорното население…
1900_Victor Bérard – ‘La Macèdoine’, p253
„… Турците, Грците и Бугарите, муслиманите, православните и расколниците (егзархистите, б.п.) би изгубиле премногу со будењето на македонското чувство! …” Посочил: Баба Лаже Трап не Лаже
1911_Victor Bérard – ‘La Turquie et l’hellénisme contemporain’, pVIII
„… Порано Македонија беше растргнувана помеѓу четири или пет странски пропаганди: српска, бугарска, влашка, грчка… Сите со двоен карактер – националистички и религиозен, барајќи припојување кон Грција, Бугарија или Србија, а потпирајќи се на српската, грчката или бугарската црква. Овие црковни национализми ѝ го отстапија местото на една федералистичка и револуционерна организација којашто би сакала да се потпре единствено на…




