Category: А13 Родољубни изјави
Историски изјави на македонските дејци во прилог на македонската самобитност.
Арсени Танаско Јовков
• Весник „Илинден“, 14.09.1924 • Крајно време е да ги сфатиме нуждите за македонскиот печат, да ја сфатиме потребата од негово издигнување, ширење и усовршување и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонскиот печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво. • 1924 • Бугарскиот државен патриотизам и македонскиот патриотизам се две нешта,…
Михаил Герџиков (1877 – 1947)
Дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците, дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту им се влеваа надежи дека Бугарија ќе ја поддржи борбата. Јас му одговорив во смисла на тоа дека ние Одринци сме пред дилемата дали сега да дигнеме востание или воопшто да не го правиме тоа. Бидејќи Македонците се дигаат сега,…
Андон Лазов Јанев – Ќосето (1854 – 1953)
• 1933, Горна Џумаја • Браќа и сестри! Како скромен борец на Внатрешната македоно–одринска револуционерна организација, бев сведок и учесник во она велико дело што го изврши Македонецот пред триесет години, на Илинден 1903. Сега сум сведок на оваа свеченост на која се овековечи споменот на македонскиот четник и им оддавам почит на живите борци. Имам уште една – трета желба,…
Методија Андонов – Ченто
Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците. • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…
Иван Кантарџиев
Не треба да имаме никакви дилеми дека сме наследници на древните Македонци на овие простори. Не е важно како историски сме еволуирале од доаѓањето на македонските Словени до денес. Ние сме потомци на древните Македонци.
Пандо Кљашев (1882 – 1907)
Тукашните управници и скоро повеќето од Бугарите се безучесни кон нашето дело затоа што немаат формиран идеал што да ги тера напред. Таа е таа бугарска јавност и зборува преку устата на своите водители за македонското дело само кога е на работа за туркање и качување на влади. Посочил: ДООМ
Крсто Трајков Ресенски
Дека сме Македонци и ништо друго, бидејќи и онака јас одамна тврдам дека со Бугарите сме само пара-браќа, како што сме и со останатите славјански народи, имено – Македонецот е по крв Славјанин помешан co Старо-Македонци, Бугаринот е мешавина од Славјаните и Аспаруховите Волгари.
Ѓорче Петров
• 1898.12 статија: „Кој го ослободи Крит“ во „Бунтовник“ бр1. стр.2-3 • Македонецу со билначе ли чекаш да ти јават дека си слободен или со тапан да ти подумкаат под увото? Верувај дека ѕверот, твојот тиранин нема да се откаже од храна. Слободен сум, сѐ е свршено. Ете кој ја дава слободата. Кажи го и ти тоа ако сакаш да…
Христо Константинов
Македонци, сплотете се во името на Македонија како Македонци!
Христо Силјанов
Јане ја разви тезата дека е погубно за македoнското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување со Бугарите… Сите кои агитираат било во Македонија, било надвор од неа на база: ослободување и обединување со Бугарија, треаба непријателски да бидат пречекани од ВМОРО, така како што се пресретнуваат од Организацијата српските и грчките…
Јордан Пиперката (1870 – 1903)
Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде.
Стојан Христов
Една или две недели по 2 житар 1944 година, секое утро по разбудувањето, морав да застанам и да си речам дека сега има слободна македонска држава. Тоа ми изгледаше како чудо, па морав да се принудувам себе да верувам во неговата вистина. Тоа беше премногу убаво за да биде вистина. Тоа беше како да си бил цел живот сиромав, па…
Антон Попов
Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат. Историјата на…
Крсто Гермов Шакир (1868 – 1962)
Слики од погребувањето на војводата Крсто Гермов – Шакир војвода. Посочил: Poljakot od Makedonija
Стојан Везенков (1828 – 19 коложег 1897)
„… познат македонски водач, борец за независна Македонија, глава на македонското востание против турското владеење …“ Стојан Везенков, македонски борец за слобода, панславист чиј спомен е длабоко врежан во спомените кај македонскиот народ. Стојан Везенко, истакнат македонски војвода, борец за независност на Македонија, стоел на чело на низа востанија на Македонците против турското ропство; во 1877-8 г.г. раководел со…






