Category: А25 НОБ и НОФ

Податоци за македонските состојби и македонската национална борба за време на Втора Светска војна.

Вероучение - Поука 03
Posted in А2.3 Само посока А25.3 Дела и Настани

1944.10.01_Весник ‘Победа’ – уводна статија

“… Скокна природното и реалното право на нашиот народ да си направи војска, рожба и крма на славјаномакедонскиот народ, плешка од снагата му… Така ќе го дадеме печатот на нашата нација, на нашиот нард што шестстотини години се наоѓа поробен. Само со таква борба ќе се развијат нашата одделна карактеристика, нашите стремежи, можности и историја, нашите надежи и желби како…

Posted in А25.3 Дела и Настани

1944 « 1986.06.13_The Bangor Daily News, Maine, US

„… Фатен документ покажува дека во 1944, Валдхајм пријавил точна местоположба на партизани на подрачјето близу Македонските градови Штип и Кочани. Во тек на 48 часа, цивилното население во тоа подрачје било масакрирано. Сто и четиринаесет мажи, жени и деца биле убиени. Валдхајм не може да се правда поради незнаење, затоа што неколку месеци порано, самиот тој ја запишал Хитлеровата…

Ѓорѓи Наумов (1916 - 21.07.1942)
Posted in А25.2 Партизански борци

Ѓорѓи Наумов (1916 – 21.07.1942)

Роден во с. Битуша, леринско. Бил убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје. Ѓорѓи е брат на националниот херој Стив Наумов. Нивната мајка, за слободата на Македонија, во рок од три месеци ги изгубиле двата сина.   Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже

Блажо Димитровски - Рогозинарот (1904 - 1942)
Posted in А25.2 Партизански борци

Блажо Димитровски – Рогозинарот (1904 – 1942)

Родоен во с. Путурис, битолско. Убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје 1942.   Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже

Ванде Вељаноски (1913 - 1942)
Posted in А25.2 Партизански борци

Ванде Вељаноски (1913 – 1942)

Потекнувал од сиромашно семејство од с. Никодин, прилепско. Делувал во работничкото движење уште од 1937 година против тогашната српска окупаторска власт. Бил убиен од бугарските фашисти со бесење во скопскиот затвор.   Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже

Кочо Вангелов Десановски (1920 - 1942)
Posted in А25.2 Партизански борци

Кочо Вангелов Десановски (1920 – 1942)

Кочо Десано обесен од бугарскиот окупатор во жетвар 1942 година.   Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже Извор: Дучо Кранго – ‘Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор’

1949.05.10_Централна болница - оперативна хирургија, Вичо планина
Posted in А25.1 Партизански единици

1949.05.10_Централна болница – оперативна хирургија, Вичо планина

Лефтерија Лотика Боди (с. Загоричане, костурско) Таска (Ипиро) Сула Калимани (Добролишта, костурско) Гиза (медицинска сестра од Унгарија) Ники (Пилкати, с. Колевишта, костурско) Атина Теохариду – Зонова (Черешница, костурско) Александра (с. Герман, леринско) Фана (с. Жељево, леринско) Ставрула (град Гревна)   Посочил: Види Види

1948—1949_Граѓанска војна - партизански цртеж 'во Вичо ...'
Posted in А25.3 Дела и Настани

1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘во Вичо …’

„ВО ВИЧО НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ КЕ ПОМИНИ“   Посочил:  Sekula Vojvoda Fan Club  

1948—1949_Граѓанска војна - партизански цртеж 'Илинден'
Posted in А25.3 Дела и Настани А4.2 Само слика

1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘Илинден’

Илинден како придвижувачки поттик за македонската национал-револуционерна борба во текот на Граѓанската војна во Грција. На цртежот е ставен слоганот: „Да јакнее военото единство на грчкиот и македонскиот народ во борбата за мир демократија национална независност“ што јасно зборува за националната македонска освестеност и поттиците за борбата која била водена.   Посочил: Macedonia: a True Endless Story …

Васил Антевски - Дрен (1903 - 1942)
Posted in А25.2 Партизански борци

Васил Антевски – Дрен (1903 – 1942)

Васил Антевски, роден во с. Оморани, по професија бил адвокат дипломиран во Белград. Бескомпромисен борец за правата на македонскиот народ. Затворан и прогонуван и во периодот меѓу двете светски војни. Зема учество во Скопскиот партизански одред. Уапсен во Велес при обид да стапи во врска со Прилепскиот партизански одред. Пред бугарскиот фашистички суд покажал вонредна гордост и храброст. Одбил да…

1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Posted in _Избор А1.1 Слика и посока А25.3 Дела и Настани

1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III

Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…

Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин - 03.05.1942 битолско с. Лавци)
Posted in А25.2 Партизански борци

Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин – 03.05.1942 битолско с. Лавци)

На 22 тревен 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 косар 1942 година одредот бил опколен од БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето од БУГАРИТЕ, а потоа умрела. За Народен…

Методија Андонов - Ченто
Posted in А13 Родољубни изјави А25.2 Партизански борци

Методија Андонов – Ченто

Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците.   • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…

Петре Пирузе - Мајски
Posted in А25.2 Партизански борци

Петре Пирузе – Мајски

Водач на Народно – Ослободителната Војска во западна Македонија. Легендарен командант од Дебрца. После војната отстранет заради неговите замисли за самостојна и обединета Македонија.

2003_Михаило Апостолски - 'Сеќавања', Скопје (Магор)
Posted in А25.3 Дела и Настани

2003_Михаило Апостолски – ‘Сеќавања’, Скопје (Магор)

Ако денес ги слушате бугарските националисти, во обидите за перење на фашистичките гревови од Втора Светска војна, ќе чуете дека бугарските војски после превратот ја ослободиле пола Југославија. Во продолжение извадок од спомените на генерал Михајло Апостолски поврзан со бугарската војска и ослободувањето на македонските градови Скопје, Велес и Штип. „… Таму најдовме дел од бугарската комора од која зедовме…