Category: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1903.07.02_Slovenski Narod – O Macedoniji, Ljubljana
Македонците не се бореле за приклучување кон некоја држава. Во таков случај би останале под турска власт само ако биде правична и ако ѝ се признае автономија на Македонија. „… Ниту пак бугарската јавност е загреана за македонската кауза откако Македонците изјавија дека НЕ СЕ СТРЕМАТ ДА СЕ ПРИЛУЧАТ КОН ДРУГА ЗЕМЈА, но сакаат да останат под турската врховна влада,…
1908.01.01_Charles Morris – ‘Historical Tales’, Philadelphia & London
„… Македонија лежи северно од Грција. Нејзиниот народ не биле Грци, ниту слични на Грците во нивните обичаи. … Тесалија е најсеверната држава од Грција …“
1969_Грчки учебник по Земјопис
Пред повампирувањето на грчкиот експанзионизам, кој се појави со создавањето на независна Македонија и согледувајќи ја нејзината слабост, претходно во социјалистичкиот југословенски период постоеше време на благо грчко помирување со стварноста за постоење македонската државност. Од таму се наидува на разни званични документи од тоа време, каде вардарскиот дел е обележан како Македонија.
1927.12_Илинденска организација – списание ‘Илустрација Илинден’, Софија
Насловната страница на списанието „Илустрација Илинден“ издание на „Илинденската организација“. Создадена во 1923 година од Македонци, иселеници во Бугарија чија основна цел било создавање на независна и самостојна македонска држава.
1888 « 1922_Спомените на Исаија Радев Мажовски, Софија
“… Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист словен. Не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да…
1935.09.01-03_МПО, 14та Конвенција, Охајо, САД.mp4
Македонска Политичка Организација – секаде само Македонци, Македонија, „Македонија на Македонците!“.
1927_МПО, 6та Конвенција, Акрон – Охајо, САД
Шеста годишна конвенција на Македонската Политичка Организација. Со секогаш присутниот слоган „Македонија на Македонците!“
1000~ « 1955_Stilpon P. Kyriakides – ‘The northern ethnological boundaries of Hellenism’, p37, Thessaloniki
Грчко толкување за поширокото над еднонационално значење на зборот “Бугари” и за “бугарството” на цар Самоил и неговите поданици. „… Додека за времето на владеењето на Симеон, Драгувитите, Струмјаните и општо сите Склавинии беа јасно одделени од Бугарите, за време на владеењето на Самоил и после тоа името Склавинии сосема исчезна. Македонските словени се назначени од Византијците со општото име…
1878_Востанички документ од Кресненското востание – Никола Малешевски
Устројство на Македонското востание, село Влахи 1878 година 1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија. 2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина. 3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност,…
1999_Георги Сотиров Дукимов – ‘Една идеја, еден живот’, град Гоце Делчев
Овие спомени треба да бидат отрезнувачки за властите во Софија и Скопје, дека историјата не може ни со сила да се измени. Спомените на Дукимов ги негираат тврдењата на званична Софија, дека во Бугарија немало и нема денес Македонци. „… Ние заборавивме дека не сме во наша, македонска држава, туку во Бугарија… …Во нашите мисли беше само таа – Македонија. За…
1924_Крсте Петков Мисирков – Македонецот
„… К. Мисирков – македонец … Мислата ми е за денационализацијата на македонците во “Јужна Србија”, за нивното посрбување. Тоа прашање е од значење и за нас, македонците, и за србите, и за вас, бугарите и за европската дипломатија и општествено мнение. … Ние се гордеме со св. св. Кирил и Методиј, со св. св. Климент и Наум. Тие се…
1862.09.10_Дедо Димо од Ениџе Вардар
„… Нашиот дедо Димо вели дека ние ја прифативме верата на нашите просветители Кирила и Методија, кои тука го напишале божјото писмо на нашиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.“ Ќе ти пишувам почесто, ама не знам бугарски …“ Посочил: Кукузел и denesen.mk
1878_Кирил Патријарх бугарски (Кресненско востание)
„… Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили, повторно и’ е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа во одделните области на нашата татковина дојде до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој…















