Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1904.12_Новое Время (за Даме Груев)
„… Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија, дојден е овде пред еден месец да ја лекува раната, што ја добил при едно случајно судрување со турските војски, сега е речиси оздравен и се чини дека набргу пак ќе се враќа во Македонија. Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарската и…
1900+_Павел Делирадев (за Јане Сандански)
„… за борба против турскиот апсолутизам и спротивставување против завојувачките (поползовенија) на великобугарскиот шовинизам: за слободна, единствена и независна Македонија во братски врски со сите слободни балкански народи …“
1986_БАН, Софија (за бугарската пропаганда)
„…бугарските националисти-револуционери се стремеа да побудат и поткрепат меѓу Македонците чувство на национална истоветност со Бугарите и со радост го примаа секое Македонче, способно да стане агитатор на бугарската национална идеја во Македонија …“
1903.08.26_The Pulaski Democrat
„… Цилка поранешно заробена со госпоѓа Стоун, вели дека Македонците попрво сакаат смрт отколку продолжување на постоечките услови. …“ „…Tsilka the former captive with Mrs. Stone says Macedonians prefer death to a continuance of existing conditions…“ Госпоѓа Цилка е Македонка, сопатничка на мисионерката Стоун, киднапирани од македонските комити.
0758-0759 « 0800+_Theophanes Confessor (Macedonian Sklavinias)
„…Во оваа година Константин (758-759) ги завзел Македонските склавинии и ги подредил останатите од нив…“
1918_Michael J. Pupin – ‘South Slav Monuments’
Михајло Пупин: „неговата сопруга Косара, ќерка на македонскиот цар Самоил“
1894_Марин Дринов – ‘Византијски Временик’
„…Ние знаеме за едно сведоштво, кое покажува, дека и во следните (подирните) векови, Бугарите биле познати меѓу Грко-Римјаните како Македонци…“ „…Император Василиј Македонски родоначелник на македонската историја…“ „…а го нарекуваат Македонски затоа што по народност тој не бил ниту Грк, ниту Ромеј, а Македонец…“ Марин Дринов е бугарски историчар, јазичар и државник.
1900_В. Черно-Дрински – ‘Македонска крвава свадба’
Трагедија во V дејствија на македонски говор.
1100+_Ромејската летописка Ана Комнина за Македонците
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРЕДНИОТ ВЕК: Ромејскиот император Алексиј I Комнин војувал против Траки и Македонци во 12. век. Летописката (хроничарка) Ана Комнина говори за битките на нејзиниот татко – владетелот Алексиј I Комнин против војски на Траките и Македонците во 12. век. Таа вели: „Вриениј дознал дека Алексиј Комнин го пресекол неговиот пристап, па ги наредил своите војници по следниов редослед…
1896_Уставот на ТМРО
Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација.
1908.09.07_New-York Daily Tribune
По Младотурската револуција, 1908 година: прогласување на новиот Турски устав и чествување во Карнегиевата сала. Покрај претставници на младотурците и Ерменската револуционерна федерација, присутни биле турски поданици од повеќе народи: Турци, Ерменци, Македонци, Сиријци, Бугари, Албанци и малку Грци. Прочитано било и писмо од американскиот претседател Теодор Рузвелт во коешто тој изразил поддршка за каузата на слободата.