Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1942_Frederic W.L. Kovacs – ‘The untamed Balkans’, p56.
Жителите [на Македонија] се мешавина од народи, мнозинството Славјани. Македонските наречја не припаѓаат ниту на српските, ниту на бугарските јазици. Тие сочинуваат некој вид на врска помеѓу овие две гранки од јужнославјанското семејство на јазици. Србите, го нарекуваат македонскиот јазик ‘јужносрпски’; Грците тврдат дека Македонците се само „Славјанозвучни“ мислејќи славјано говорни Грци; а Бугарите тврдат дека Македонците се чисти Бугари….
1951.05.06_ЦИА Извештај
Во 1951 година бугарската држава ги раселувала Македонците од Пиринските градови низ цела Бугарија што предизвикало бунтови кај македонското население. Извор
1950.02.17_ЦИА извештај
ЦИА извештај: Македонските граѓани не биле заинтересирани за комунизмот туку за обединување на трите дела и потоа поврзување во Балканска федерација. Извор
1953.04.20_ЦИА извештај
Извор Посочил: еМагазин
1953_ЦИА извештај
Во американските разузнавачки документи постојат и Македонци и македонски народ. Еднаш стекнато национално право и тоа освен Грција и Бугарија признато во цел свет е неповратно стекнато право. Сите поинакви убедувања се противправни, профашистички и краткотрајни. Извор Посочил: еМагазин
1950_ЦИА извештај за Пирин
Документ од 1950 година во кој се тврди дека Бугарија сакајќи да ги привлечи им ветувала на Македонците македонска држава која би била под заштита на Кремљин. Но мнозинството од Македонците во Пирин се наклонети кон Тито и ќе ја одбијат Московската заштита. Пиринските Македонци се посебно чувствителни на мешањето во нивните национални права бидејќи тие не се препознаени како…
1878_UK Foreign Office – ‘Correspondence, etc., respecting the affairs of Turkey, Issues 53-54’, p228-229, London
„… Владиката од Мелник е овде, дојден е како и сите други владици да му изрази почит на новиот Патријарх Јоаким, пред да го напушти Солун на пат за Константинопол. Тој изјавува дека востаниците, коишто себеси се нарекуваат ‘Македонци’ побарале голема сума пари од него за неговите парохијани, и понудиле да му издадат сметкопотврда, велејќи му дека парите ќе му…
1996_Norman Davies – ‘Europe, a History’
„… мисија водена од двајцата Македонски браќа, Михаил и Константин, соодветно познати како свети Кирил и Методиј …“ Посочил: Македонија на Македонците
2001-_N. G. L. Hammond, British historian
Македонците себе си се сметале и од Александар Велики биле третирани како одвоени од Грците. Тие биле горди со тоа.
1916.01_Feldpost für die Angestellten der Firma F. Hessenland GmbH
Извор Посочил: Makedonien.mk Jandcr gab uns oftmals Nachricht, auch erhielten wir wieder verschiedene photographische Auf- nahmen. — Am 28. 5. schreibt Z.: Gestern erhielt ich die schon langersehnte „Feldpost”, wofür ich meinen herzlichsten Dank sage. Ich habe mich sehr gefreut und dieselbe mit großem Interesse gelesen. Das Leben und Treiben ist hier jeden Tag aufs neue inter- essant anzusehen….
1690.04.26_Leopold I, Austrian Emperor, letter
Проглас и заштитни писма од австрискиот цар Леополд ПРВИ. Поттикнувачи на неговото издавање биле Марко Крајда, родум од Кожани и Димитри Георгија Поповиќ, родум од Солун. Во писмото меѓу другото, се изјавува: „македонскиот народ во целост го примаме во секој еден поглед благонаклоно под наша царска и кралска заштита“. На 31 мај 1690 императорот издал уште едно писмо, со кое…