„… Воен придонес на Македонија за независноста на Балканот
„По толку крвави војни за поделбата на Македонија, во кои само гласот на Македонецот не баше чуен, горниот наслов звучи многу парадоксално и претенциозно во ушите на балканските империалисти. А сепак на такви теми може многу да се зборува и пишува по секој основ. Треба само да се потсетат и правилно толкуваат неколку историски факти од древните времиња па дури до денес. Навистина, прашањето за националноста на Македонците, како креатори на епохата, кога ќе ги потсетиме ќе ги предизвикаат патриотските чувства на соседите на Македонија, но политичката природа на настаните не само што ќе ги одбие нивните шовинистички аспирации, но ќе им ги покаже и со историски податоци, логичките можности и вистинскиот пат, кои се открива денес за Македонија. Овие факти не дека се непознати на балканските историчари, но тие се секогаш ги употребуваат за своја национална кауза и секогаш се избегнуваат да им дадат самобитен македонски карактер.
Точно е дека по однос на народноснта Балканот е шаренолик од памтивек. Во антиката се зборува за десетици илирски, тракиски, хеленски и македонски племиња и народи. Од средниот век до денес, пред нас се редат имињата на народи и племиња од славјанско, аварско, татарско и туранско потекло, меѓу кои со претензии за автохтоност (старожителство) се забележуваат имињата на Грци, Власи и Албанци. При тоа и Турците имаат свое место, како етничен елемент и долговековни политички владетели. Појавата и задржувањето на таа национална шареноликост е малку јасна, како со географската положба на Балканскиот Полуостров, како мост меѓу Истокот и Западот, така и со неговите географски особености. Планинските вериги го делат полуостровот на бројни мали и големи келии поврзани со тешки пораки и дава погодности за заглавување на племиња и народи, на начин таков што бурите на историјата да не можат целосно да ги збришат, а од друга страна, да се создаваат мали и немоќни државички. Времето се покажа слабо да ги избрише дури и некои од племенските особености на извесни области на полуостровот.
Овие околности се достатачни да ни ја објаснат политичката раздробеност на Балканот во различни епохи на историјата, како и можноста на добро организираните во воен однос народи да ги покорат под својата империјалистичка власт и пак да не успеат да наметнат една заедничка државна концепција. Така, пред нашите очи се редат многу освојувачи, како Персијанци, Римјани, Готи, Келти, Авари, Славјани, крстоносци, Нормани, Турци, а на крај и Германци, кои ги покорија поделените Балканци, за многу кратко или подолго време.
Во борбата за балканска независност, Македонија како политичка и географска единица, секогаш играла важна улога. Сместена во средината на полуостровот, нејзините политички манифестации секогаш имале обединувачки трендови во однос другите народи, а кога на македонското население му недостасувала можноста да се манифестира политички и воено, Македонија се јавува како терен за аспирации од страна на соседните држави, или како што се вели – таа била вечна јаболко на раздорот.
По овие кратки разјаснувања, ќе пристапиме кон историската анализа на фактите, кои ќе ни го покажат највредниот придонес на Македонија во борбите на балканските народи за единство, независност, моќ и култура.
Македонија на Александар Македонски бил културтрегери на една висока цивилизација
Грко-персиските воијни и оние меѓу Атина и Спарта по 5-тиот и 4-иот век пред Христа, го доведоа цивилизираниот хеленско свет во политичка криза. Во овој период Македонија ја презела политичката хегемонија на Балканот, присилувајќи ги грчките “демократски републики” да ја прифатат македонската централистичка власт, при што во замена, Македонците прифатиле политичките и културните импулси на Грците во однос блискиот исток и ја создадоа големата империја на Александра Македонски, која отвори широко поле на хеленистичката цивилизација по западните брегови на Мала-Азија и Египет.
Се разбира дека е смешно да се градат современи великогрчки аспирации, од фактот дека пред 24 века Македонија била “замав на елинизмот”, не само поради многуте води кои истекле од тогаш до денес, туку и поради спорността на фактот за племенската припадност на Македонците. Тогашниот Елини, спротивно на сегашните Грци, негираа било каква крвна врска со варварите Македонци и ни оставиле докази за јазична и народносна различност со Македонците. Плутарх пишува дека на некои прослави, Македонците се расправале на својот неразумен варварски јазик. Важен факт кој треба да го нагласиме е дека во дадени политички околности, географската положба на Македонија овозможила да се роди на македонска почва чувство на заедништво и со други балкански народи и можеле да станат културтрегери (иницијатори) на една висока цивилизација и на уште поширока државна концепција. Тоа е достатачно за да се разбере дека географската положба, овозможила политички развој на Македонија, не само без штета, туку и на огромна корист за соседите.
Македонија единствена се спротистави на римските освојувачи
Вториот факт е борбата на балканските народи против римските освојувачи. Единствените претставници на оваа борба се Македонците, бидејќи Грците се јавија како мост на римската пенетрација, преку нивната борба против … Македонците. Македонија единствено ја свати опасноста од римскиот империјализам. Нејзиниот стремеж да се спротивстави на подемот на римскиот освојувач, наоѓа широк израз во сојузот со Сирија и Картагина, а исто така и во обидите да ги заштити, дури на сила, грчките “републики” и Египет од римско освојување. За тоа таа води две војни (206 и 197 година пр. Хр.) со Рим и последна го собра знамето на отпорот против римската пенетрација. Неуспехот на Македонија може да се објасни со вкупната политичка ситуација околу Медитеранот, но таа не може да ги обезличи ниту напорите на Македонската држава да го заштити Балканот и источниот Медитеран за народите од овој басен, ниту да се негираат нејзините широки политички концепции.
Македонските Славјани против Византија.
Трет факт од решително значење за … Славјаните во Македонија и формирањето на славјански држави на Балканот, е борбата на македонските Славјани против Византија. Откако ќе ја ослободиме историјата… од сè што носи ликот на легенди, за лица, настани, светци и др., за реалниот историчар останува еден неоспорен факт, имено дека вото 6 и 7 век, на Балканот се води решителна борба два света: – Славјано-демократскиот и византиско-олигархиски. Во таа борба, првиот го брани правото на самостојно државно уредување соодветна на племенските особености, а вториот – освојувачкото начело за владеење на една бирократско-земјишна олигархија, врз темелите на ориентализираното римско државно право. Во економски однос, оваа ера на Балканот може да се дефинира како судир на робовладелскиот поредок со патријархално-колективно земјовладетелство.
Во ова голема социјална појава дружините на Исперих околу Плиска и оние на Кубер во Керамисија …, се јавуваат само како воено политичка багра на основниот феномен – славјанското зацврстување на Балканот и нивното оспособување како национални држави, иако не целосно во денешна содржина на овој концепт.
Оваа борба против Византија е започната истовремено од мизијските и македонските Славјани, како непосредни соседи на Византија, при крајно различни политички и стратешки услови… Мизијските Славјани, …имаа предност да не се поделат на две византиски владеења, да бидат заштитени од Хемус (Стара пл.) и да можат со еден скок да се закануваат на политичкиот центар на Византија – Цариград. Овие околности ги соединија меѓусебно политички и воено двете славјански групи и затоа, додека Славинија (Македонија) ги привлекува првите удари на Византија (688 година – Јустинијан Ринотмет), придружени со страшни иселувања на македонските Славјани во Мала Азија, Мизија закрепнува зад Балканот, за да започне спротивна интеракција – ги привлекува византиските сили на исток, и ги ублажува ударите врз македонските Славјани на запад….
Иако и во составот на Бугарија, Македонија не престана да има свои мислења во решителни политички моменти. Така на пр. империјалистичкиот занес на Бугарите кон Цариград, според некои историски укажувања, имало свој прв противник во лицето на најсветлиот претставник на балканското славјанство Св. Климент Охридски. Тој занес, на три пати покренат од Симеон, и разубеден под влијание на Климента, можеше да се развие само по неговата смрт.
Самуил води војна за обединување на балканските Славјани и против Византија
За македонските Славјани уништувањето или превземањето на Цариградска Византија не претставува прва политичка задача. Важно е само отстранување на нејзиното културно влијание и обединување на балканските Славјани. Токму тоа е и главниот политички мотив на Самуилова држава. Познато е дека таа настанува врз темелите на народниот протест против византинизирането на бугарскиот царски двор и високото свештенство. Воените напори на Самуила се насочуваат постојано кон мизијските Славјани, српските кнежевства, Солун, Тесалија и дури кон пелопонезките Славјани. На исток Самуил водел само одбранбени војни. Оваа секвенца на војните на Самуила открива и неговата основна идеја – обединување на балканските Славјани. Така може да се објасни и со различниот однос кон српските кнезови и земји, од тоа што го имал на пример Симеон. Додека Симеон се служел со војни, опустошувања и понижувачко заложништво, Самуил започнувал со војна, но продолжувал со ородување.
Иако во Македонија се постави правилно прашањето за борба против Византија со формулата “преку спој кон победа”, Самуиловиот курс не успеа. Тоа се случи прво, бидејќи тој имаше против себе еден голем војсководец и прогресивен политичар, второ – поради недозреаната славјанска врска и трето – поради немање стратегија на државата за борба против Византија. Западна Македонија не можеше да биде почетно место за борба против Византија, бидејќи како и Абобското плато не можеше да биде место од каде би можел да се обедини целото балканско славјанство. Освен тоа границата против Византија беше премногу долга, за да може да се брани против нејзината голема сила при тогашните средства за пораки. Воопшто прашањето за политичката стратегија на балканските Славјани, е многу сложена и интересна, но таа излегува од рамките на поставената задача. Во случајот значително е да нагласиме дека географската положба на Македонија по четврти пат во познатата историја, покажува дека македонското население, кога политички е способно поради централната положба по природен пат му се наметнува да зема најмногу точни позиции, од гледиште на јужнославјанските интереси.
Македонците го отврлаат српскиот суверенитет и сами против Турците
Солидарноста на Македонците во секоја борба против Византија се истакнува и во деновите на Душан, кога тој ја презеде во свои раце славјанската борба против неа. Но, чисто самостојните позиции на Македонците се истакна и во отфрлањето на српскиот суверенитет, штом оваа борба престана да се води од бројните наследници на 30-годишното Душаново Кралство. Нешто повеќе, при новата опасност од турското освојување, први Влкашин и Углеша ја поведоа најголемата војска до тогаш против Турците (60,000 армија), за да ги истераат од Балканот. Ова е петтиот момент во кој ја гледаме Македонија на заедничка Балканско-славјанска позиција. Српските историчари љубоморно ја прикажуваат Маричката битка како дело на српскиот народ, но и за секого е јасно дека Прилепскиот и Серскиот деспот не можеа да составуваат војска од Рашка, туку само од Македонија. Затоа, походот на Влкашин кон Одрин е по замисла македонско дело. Тажниот крај покажува пак на еден традиционален недостатак на македонските војници во средниот век. … За појаснување: Самуил беше разбиен при Сперхеј (996 г.) и Скопје (1002 година) само поради лошата заштита, потпирајќи се на водите на надојдените реки. Со ноќните изненадувања Василиј II Бугароубиец, ги нападнал на два пати војниците на Самуила и ги поразил речиси до нога. Исто така на 26 септември 1376 година Хаџи Илбеки, во текот на ноќта го нападнал Влкашин само со 4.000 луѓе, внел паника сред војниците и предизвикал ужасна сеча. Македонската војска на поранешните српски вазали била уништена. Малкумина се вратиле во своите домови. Вратите на Македонија, дури до Албанските планини, биле отворени. Бура од ужас, грабежи, глад и несреќи, поминале низ Македонија. Сите локални војводи прифатиле турското васалство, според кој македонските воени кадри учествуваат понатаму во составот на турските војски, според Иречек дури и на Косово – во 1389 и опсадата на Трново – во 1393 година.
Крали Марко заштитник на христијанските народи
И покрај тоа, во оваа патетична ера на срамна раздробеност и взаемните предавства меѓу балканските феудалци, сите јужнославјански народи најдоа личност во турскиот вазал – прилепчанецот Крали Марко, во кого го фокусираат сиот хероизам на славјанските народи и создаваат од негово име, еден нечуен единствен херојски еп.
Обидите на бугарските и српски научници и поети да го присвојат за својот народ овој … херој, се смешен израз на сепаратистичниот национал-шовинизам, пред спонтано единство на општата јужнославјанска поетско-патриотска креативност. И сепак оваа појава не е случајна. Ниту српско-хрватските народи можеа да доживеат од близу трагичната борба на Иван Шишман III против турските освојувачи ниту Бугарите можеа да знаат за епската борба на српската конфедерација на Косово поле, за да го воспеваат кралот Лазар. Од друга страна, освојувачот пак, ги израмни по положба балканските робови, застана како општ нивен непријател и го разбуди кај нив еден заеднички идеал – ослободувањето.
Во почетокот на оваа епоха, Крали Марко, кој го крстосувал Балканот како турски вазал или сојузник, сигурно се јавувал како застапник на христјанското население, секаде каде што е поминувал со војниците на своите господари. Така, овој син на Македонија се јавува како потпора и надеж на христянското население, ги собира како фокус врз себе надежите на славјанските народи и го собира речиси целосно нивниот стар хероичен еп, за да го возглави под свое име…. Од овој факт треба да се извлече заклучок дека положба на Македонија ја оспособува за духовното обединување на источните и западните Славјани на балканскиот полуостров. А мора да признаеме дека народниот еп ја хранел душата на народите речиси до крајот на 19-тиот век.
Внатрешната Македонска организација
Шестиот момент во кој Македонија се јавува со својата домашна политичка консепција, природно поврзано со спасување на балканските народи, е програмата на Внатрешната Македонска Организација. Тешко може да се објасни психолошки еволуцијата на нејзината борба, без да се влијае на прашањето за националноста на македонското население.
.. Во 19-тиот век, грчката патријаршија имаше еднаков третман кон сите Славјанофонски елементи во Турската империја – однос на експлоатација и угнетувачки асимилација. Поради тоа, целото славјанско население реагира како единствен народ и поведува црковно борба, која резултира со создавањето на бугарската егзархија. Како последица, на Сан-Стефанскиот договор, кој ги исцрта границите на Бугарија, врз основа на црковно самоопределување на бугарскиот народ, се внесе и политичка содржина во понатамошниот национален развој на македонските Славјани.
Во овој развој, природно се покажа влијанието и постоењето на бугарска држава. Македонија која го сочинуваше оној дел од Балканскиот Полуостров, присоединет само кон само една од балканските држави, беше во можност да ја расипе рамнотежата помеѓу нив. Така, под влијание на националниот романтизам и империалистичките интереси, се јавија великоманските политички тези на балканските држави – џуџиња: грчката наука докажуваше дека македонското население е славјанофонско – хеленско, српската – дека тоа е безличен славјанска маса што може и да се србизиран и да се бугаризира, а бугарската – дека тоа е само бугарска.
Основачите на македонската револуционерна организација навреме ја сфатија политичката невозможност да се дозволи од европските сили несразмерно развој на една од земјите на Балканскиот полуостров и застанаа на позицијата за политичка одделност на Македонија, во форма на автономија, дури и во составот на турската империја. Прашањето за националностите. организацијата ја постави врз темелите на најшироката толеранција. Друг тек во таа организација се оформи откако Турција ги даде сите докази за нејзината неподготвеност да се реформира, и откако балканските држави ги поставија основите на поделба на Македонија. … Додека во концепциите на Внатрешната организација лежеа политички мотиви, во оние на федералистите преовладуваа социјалните. И двете струи стоеја по националното прашање врз основа на најшироката толеранција и слобода на совеста, и за тоа тие никогаш никогаш не биле непријатели. Оваа ширина на своите погледи Македонците ја докажаа и преку масовното учество како во Младотурската револуција, така и во акцијата по симнувањето на Абдул Хамид, кога тој се обидел да изврши контра-удар.
Ривалството на соседните држави и војните меѓу нив, го фрлија македонското население и земјата во целосна катастрофа. И покрај сите напори, големо-Србите не успеаја да го асимимилират македонското население, кое цврсто стои на својата македонска позиција, на која теза во Бугарија се гледа од едни средини со целосна симпатија, а од други со толеранција. Но шовинистичките кругови и во двете земји, ја потхрануваа надежта при поволни услови да ја добијат Македонија за својата шовинистички кауза. Ова особено се виде при последната бугарска окупација, во која Бугарија влезе во Македонија како окупатор и со целосно бугарски административен апарат.
Македонија воено учествува во реконструкција на Балканот
Природно, македонското население не можеше да не се почувствува навредено од туторско -окупаторскиот третман од страна на бугарските власти. Младата генерација на Македонија, која израсне под влијание на нови социјални идеи и широко разбирање на општата политичка состојба, ја негираше фашистичко-империалистична Бугарија и застана на позицијата на својата македонска националност. Тоа беше шлаканица како за великобугаризмот, така и за великосрбизмот. На прва линија се поставија политичките и социјалните консепции: федерално уредување на Балканот и демократски поредок во одделни федерални единици, и бидејќи Југославија беше првата која го спроведе овој принцип, Македонија влезе во составот на Југословенската федеративна држава. За триумфот на оваа идеја Македонија зеде и воено учество со своите народноосвободителни бригади.
Така и во новата реконструкција на Балканот, Македонија не само застанува на обштобалканската позиција, но и решително го пресекува патот на евентуалните национал-империалистични стремежи. Впрочем, нејзините славјански браќа не останаа поназад од тие сфаќања и можеме да се надеваме дека старото национално ривалство ќе исчезне во внатрешниот живот на Македонија, бидејќи националната слобода е во функција на општата социјална и политичка слобода, која Македонија несомнено ќе ја остварува во составот на една можна поширока Балканска федерации. Ако судиме во духот на нејзината историја, треба да бидеме уверени дека таа неизбежно ќе се појави како најголем ревносен апологет на јужнославјанското и општобалканското федерирање.
А тоа е сосема можно при воспоставените демократски режими во О.Ф. Бугарија и Федеративна … Југославија. Поуките кои Бугарите и Србите можеа да ги соберат од последните војни, а особено народите на Југославија и од централистичкиот режим на последните Караѓорѓевичи, недвосмислено говорат во полза на антишовинистичното воспитување на славјанските народи на Балканот.
Нивното единство е историска неопходност. И како Византија ги спои на времето мизијските и македонски славјани во една политичка и национална единица, така и германската културна, деловна, политичка и воена агресија кон исток, ги обединува преку спротивставувањето на славјанството на Балканот за заедничка самоодбрана. Во овој поглед, местото и улогата на Македонија е определена од духот на сопствената нејзината историја. …“
генерал мајор Владимир Кецкаров (бугарски генерал од македонско потекло)
Извор: Портал Македонска Нација