Кинескиот печат на англиски јазик поставува прашање: дали југословенската политика водена од Ј.Б. Тито сѐ уште може да се смета за социјалистичка. Во набројувањата на постапките, каде што политиката на Тито отстапила од социјалистичкиот правец, како временски прв наведен е и примерот со изневерувањето на македонската револуционерна борба во беломорска Македонија:
„… 1. Револуцијата во Македонија. Во Јули 10, 1949 Тито ја затвори границата помеѓу Југославија и Грција против Македонската народна герила. Истовремено, тој им дозволи на Грчките Фашистички ројалистички војски да поминат преку Југословенска територија со цел да ја нападнат герилата од позадина. На овој начин Титовата клика им помогна на САД – британските империјалисти да ја задават Македонската народна револуција. …“
Посочил: Јордан Груев (2025.01.03 · 10:58)