1900_Антон Драндар – ‘A Propos d’un Mouvement en Macédoine’, Bruxelles

1900_Антон Драндар - 'A Propos d'un Mouvement en Macédoine', Bruxelles

• 1900 – ‘A Propos d’un Mouvement en Macédoine’, Bruxelles •

Les habitants de la Macedoine ne desirent etre annexes ni a la Bulgarie, ni a la Serbie, ni a la Grece; ils desirent, et ils desirent imperieusement, vivre d’une existence humaine dans un autonome. Leur mot de ralliement est: „La Macedoine aux Macedoninas“

 

• 1900 – ‘По повод едно движење’, Брисел •

Жителите на Македонија не сакаат да бидат присоединети ни кон Бугарија, ни кон Србија, ни кон Грција; тие сакаат, тие силно сакаат, да живеат човечки живот во една автономна земја. Нивна парола е: ‘Македонија на Македонците’.

Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија сè до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсellеnсе, ја играла во светот. …Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот… Александар Велики, чијашто слава е епска, ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува свеглините и добродетелите на цивилизацијата…
…Македонци наоѓаме на византискиот престол во време кога оваа империја се наоѓа во својот зенит. Се додека македонската династија ја управуваше судбината на Византија, царството ја зачува својата моќ и беше почитувано од нејзините непријатели. Кога таа династија згасна, малку потоа започна полната декаденција на Византија.
Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на словенскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на словенското племе на кое му дава своја религија и своја уметност…
…Ако Македонија сака да биде свој сопствен господар и господар на својата сопствена судбина; ако денес таа сака да се ослободи од неправедниот тиранин што ја угнетува со векови, и ако утре сака да биде подготвена да се бори против сите оние што би сакале да ја узурпираат нејзината територија и да воспостават своја доминација, потребно е да започне со тоа што ќе ја употреби својата сила за воспоставување на едно нераскинливо национално обединување!

 

Посочил: Македонија на Македонците!