1903_Григор Начович

1903_Григор Начович

Бугарскиот политичар, министер и дипломат Григор Начович за меѓусебниот одбивен однос на бугарската влада со Македонците кои не сакале припојување туку автономија.

 

• 1903 Татарчев кон Григор Начович « 2013_Матица Македонска – Скопје – ‘ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи’•

„… Организацијата е незадоволна и се повлекува, бидејќи нема доверба. Сета вина за положбата во Македонија пристига од Бугарија. Бугарите се виновни за несреќите на Македонците, сите бугарски влади (Радославов, Стоилов, Данев и сите) ја експлоатирале македонската кауза. Истото ќе го направи и сегашната влада и поради таа причина тие не сакаат да се поврзат со него за таа работа …“

 

• 1903.06_Григор Начович до Младотурците, мемоар « 2013_Матица Македонска – Скопје – ‘ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи’ •

„… И Бугарија едно време мечтаеше за Сан Стефанска Бугарија, а тоа беше кога Македонија се тркалаше во тињата на незнаењето. Сега, по дваесет години, Македонија се промени, училиштата го дадоа својот плод и Македонците се стремат кон слободен живот, одделен од Бугарите и Кнежевството… Како што ние станавме непријатели на Русите и сме против нивните завојувачки планови, така и Македонците се против Санстефанска Бугарија. Тие сакаат да образуваат одделна област од Кнежеството, тие сакаат македонска автономија… Македонците се честити во Бугарија, тие се примаат во сите служби, прават трговија и се најбогатите. Има Македонци министри, пратеници, адвокати, владици и свештеници и секакви. Министрите треба да им платат клучари зашто се влијателни. Дури кнезот се плаши од нив, бидејќи можат да му сторат големи пакости… Бидејќи тој не им објавува војна на Турците, тие постојано го зборуваат тоа, дека ќе ги пренесат бомбите од Македонија во Бугарија, од Солун во Софија… еден поранешен министер ми рече дека во негово време Македонците добиле од Австрија 4.000 манлихерови пушки, кои тој тајно ги препуштил во Бугарија, бидејќи го заплашувале, дека ќе го убијат ако се спротистави – било истакнато меѓу останатото во мемоарот (Извор: ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска – Скопје, 2013 – н.з.) …“

 

Die Organisation ist unzufrieden und zieht sich zurück, weil kein Vertrauen besteht. Die ganze Schuld an der Lage in Mazedonien kommt von Bulgarien. Die Bulgaren sind schuld am Unglück der Mazedonier, alle bulgarischen Regierungen haben die mazedonische Sache ausgebeutet. Dasselbe wird von der jetzigen Regierung gemacht und aus diesem Grund wollen sie ihn nicht für diese Angelegenheit kontaktieren

• • •

Auch Bulgarien träumte eine Zeitlang von einem San Stefanischen Bulgarien, und da rollte Mazedonien im Schlamm der Unwissenheit. Jetzt, zwanzig Jahre später, hat sich Mazedonien verändert, Schulen haben Früchte getragen und Mazedonier streben nach einem freien Leben, getrennt von den Bulgaren und dem Fürstentum…So wie wir Feinde der Russen geworden sind und gegen ihre Kriegspläne sind, so sind die Mazedonier gegen ein San Stefano Bulgarien. Sie wollen einen eigenen Bereich des Fürstentums erlangen, sie wollen mazedonische Autonomie… Mazedonier sind glücklich in Bulgarien, sie werden in allen Dienstleistungen, im Handel akzeptiert und sind die Reichsten. Es gibt mazedonische Minister, Abgeordnete, Anwälte, Bischöfe und Priester und alles mögliche. Minister sollten Schlosser bezahlen, weil sie einflussreich sind. Sogar der Prinz hat Angst vor ihnen, weil sie ihm großen Schaden zufügen können… Weil er den Türken nicht den Krieg erklärt, sagen sie immer wieder, dass sie die Bomben von Mazedonien nach Bulgarien, von Thessaloniki nach Sofia verlegen werden… dass die Mazedonier zu seiner Zeit von Österreich 4.000 Mannlicher-Gewehre erhielten, die er heimlich in Bulgarien zurückließ, weil sie ihm drohten, dass sie ihn töten würden, wenn er sich widersetzte.

 

Посочил: Портал Македонска Историја
Извор: Весник Нова Македонија