2020.01.20_Зузана Тополињска

2020.01.20_Зузана Тополињска

Мене лично многупати директно некако ми го искомпликува животот односот на Бугарите со фактот дека јас се занимавам со македонистика и го истражувам македонскиот јазик. И од тука ми дојдоа некои асоцијации како изгледале тие бугарски интервенции од самиот почеток, откога почнав да се занимавам со македонистиката. Мислам дека овие случки кажуваат многу, а мојот заклучок е дека пред сè кажуваат дека Бугарите се дотолку несигурни за праведноста на нивната позиција, што дури и една полска македонистка за нив претставува опасност. Па тоа е циркус

 

Осумдесет и деветгодишната светски призната славистка Тополињска е родена и едуцирана во Полска, а во 1983 година се сели во Македонија, по долги години соработка со колегите Блаже Конески и Божидар Видоески. Од 1996 година е редовен член на МАНУ.

(ВИДЕО) Светски признатата славистка Тополињска: Циркус е несигурноста на Бугарите за јазикот