2020.11.27_Стипе Месиќ – Македонската нација е историски факт

2020.11.27_Стипе Месиќ - Македонската нација е историски факт

Никаква Коминтерна не го создала ниту бугарскиот ниту македонскиот јазик. Бидејќи и едниот и другиот јазик се јазици што ги говорат посебните народи, бугарскиот народ – бугарски, македонскиот народ – македонски. А сличности има. Има и меѓу српскиот и хрватскиот, па Србите го нарекуваат српски, Хрватите – хрватски, Бошњаците – бошњачки, Црногорците – црногорски.

Не гледам ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет. Македонската нација постои, таа е историски факт и секој што тука нешто проблематизира всушност им штети на односите во цела Европа.

 

Тито никого не го создал, туку само ги констатирал фактите. Ако е така, тогаш би значело дека Тито ги создал и Србите и Хрватите и Словенците.
Ние бевме во една државна заедница, Кралство Југославија, во кое не беа решени националните прашања. Националните прашања кај нас се решени во Народноослободителната борба, која ја водеше маршалот Тито. Но секој народ го извојува своето право и да има свој јазик и да има своја територија и идентитет.

Превземено: mkd.mk