2023.03.16_Димитар Атанасов, член на БАН

2023.03.16_Димитар Атанасов, член на БАН

„… Левата тоталитарна идеологија стана државна идеологија во Бугарија. Според тој национален комунизам Македонците не постојат, тие се Бугари и државата треба само да им удри два шамара на Македонците, како на мали деца, за да не прават беља. Таа работа не бива. Секој е слободен да се определи онака како што сака и слободно да може да каже дали е Бугарин, Македонец или… Овие права треба да бидат гарантирани. Бугарската политика тоа не го разбира. Постои таа инерција од комунизмот. Од друга страна пак, според бугарскиот Устав во Бугарија не се признаваат малцински, групни права. Ова го елиминира односот кон малцинставта. Бугарско граѓанство значи и нација, која не е само едноетнична. Македонците во Бугарија треба да бидат третирани адекватно како културна автономија, а такви опции се можни според бугарското законодавство. Мнозинството треба да се запознава со таа култура. Апелирам да почнеме со тоа

Во француско-германската и германско-полската комисија Германците ја признаа грешката. Бугарија била соработник на Третиот рајх и тука треба да се стави точка. Режимот бил профашистички. Бугарија е соучесник во протерувањето на Евреите во Македонија. Депортацијата е извршена со потписи на виши бугарски чиновници. Тоа е неспорно. Така треба и бугарската и македонската страна да кажат, ајде да си ги признаме грешките и тоа да биде почетната позиција. И Македонците треба да признаат за убиставта на Бугарите за време на титова југославија. Вината треба да се признае и да се ослободиме од неа. Не треба да се извини бугарскиот народ, македонскиот народ, туку треба да се извинат македонските и бугарските институции. …“

 

Посочил: Портал мкд.мк