Господин Фокас уште на почетокот сакал на новинарот да му истакне дека е етнички Македонец но и грчки патриот. Има добри причини да потсетува на својата лојалност кон државата бидејќи цел еден век, етничките Македонци во Грција се предмет на сомневања, своевремено и прогони, па и самото нивно постоење се негира речиси од секого.
Повеќето од нив не сакаат на странци да им зборуваат за својот идентитет. Нарекувани како „локалци“ а нивниот јазик како „локален“, нив ги нема во учебниците а извадени се и од пописите уште до 1951 година кога накарадно беа спомнати како „славофони“.