Влавот фашист, терорист, но небитно за бугарските шовинисти најважно антимакедонист Ванчо Михајлов во текот скоро на цела II Светска војна како заштитен гостин во Загреб на хрватскиот фашистички воен злосторник усташкиот поглавар Анте Павелиќ.
Од каде потекнува ова пријателство меѓу Ванчо Михајлов и Анте Павелиќ?
Меѓу двете светски војни внатре во кралство Југославија, но и надвор кај иселените низ светот поради заедничкиот интерес за ослободување од српската хегемонија се развило силно македонско-хрватско пријателство. Високообразованиот хрватски политичар адвокатот Анте Павелиќ кој станал челник на усташката организација, бил спореден политичар, без некое големо влијание кај хрватскиот народ. Бил гонет поради радикалната политика така што се засолнил во Италија каде поминал повеќе години во времето пред II Светска војна. Во тој период веројатно воспоставил добри врски со Мусолиниевото фашистичко движење. Поради заедничкиот интерес усташката организација воспоставила врски со ВМРО каде за жал тогаш најсилната фракција веќе била преземена од вметнатите бугаромански елементи на чие чело стоел Ванчо Михајлов.
Поради радикалното влошување на српско-хрватските политички односи меѓу другото со убивањето на хрватскиот политички предводник Стјепан Радиќ (1928) кој и денес се смета за еден од најголемите хрватски историски личности, усташката организација одлучила да се освети со атентат врз српско-југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. За таа цел се обратиле кон ВМРО предводено од Ванчо Михајлов за обука на нивните луѓе. ВМРО во Европа е сметана за најспособна организација за извршување на атентати. Некоја година подоцна пред Втора Светска војна дури и Британците ќе се обратат (подоцна ќе се откажат од тој план) кон елементи од ВМРО со цел да помогнат за извршување на атентат врз Адолф Хитлер. Како главен инструктор на определените усташки Хрвати за да го извршат атентатот врз српско-југословенскиот крал бил определен Владо Черноземски. Но на денот на атентатот (09.10.1934) при поминување на колоната на првата точка каде што бил поставен хрватскиот извршител не собрал храброст за да го изведе атентатот. Истото се случило и на втората точка ако случајно првиот не е во можност. На крај кога инструкторот Владо Черноземски видел дека ништо нема да биде самиот го извршил атентатот иако не бил за тоа определен. Тука бил само да го набљудува извршувањето.
Голема е веројатноста зад атентатот да стоеле или да помогнале структури од Ватикан затоа што имало многу пропусти во обезбедувањето кои помогнале за атентатот да биде успешен. После откривањето кој е и што е атентаторот бугарската Влада била ставена под силен надворешен политички притисок поради што ВМРО е уште посилно гонета како илегална организација. И самиот Ванчо Михајлов бил гонет така што морал да се крие во странство.
Кога усташите во текот на II Светска војна со помош на германските и италијанските фашисти ќе дојдат на власт во НД Хрватска, како благодарност ќе му дадат заштита на Ванчо Михајлов. После II Светска војна Ванчо Михајлов ќе живее над 40 години во Рим под заштита на Ватикан. Недопирлив за многуте непријатели кои ги имал (српски четници, македонски родољуби, југословенска УДБА, бугарски комунистички служби). Што уште повеќе дава сомнеж за постоење на римокатоличка ватиканска вмешаност во извршување на атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ.