Васил Антевски – Дрен (1903 – 1942)

Васил Антевски - Дрен (1903 - 1942)

Васил Антевски, роден во с. Оморани, по професија бил адвокат дипломиран во Белград. Бескомпромисен борец за правата на македонскиот народ. Затворан и прогонуван и во периодот меѓу двете светски војни. Зема учество во Скопскиот партизански одред. Уапсен во Велес при обид да стапи во врска со Прилепскиот партизански одред. Пред бугарскиот фашистички суд покажал вонредна гордост и храброст. Одбил да зборува на бугарски така што својата изјава ја изнел на француски јазик. На 15.08.1942 убиен е со бесење во софискиот затвор. Во негова чест испеана е партизанската песна: „Од Софија жален глас се слуша“.

 

Посочил: mk.wikipedia