Сократ Данаилов Маркилов (1924 – 1993)

Сократ Данаилов Маркилов (1924 – 1993) — еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.

Маркилов е роден на 12 тревен 1921 година во селото Бутково, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија. Во Втората светска војна дезертирал од бугарската војска и се придружил на антифашистичкото движење. По војната живеел во градот Петрич, каде поради својата македонска национална определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956).

Неколкупати е затваран во бугарските затвори, каде одлежал вкупно 17 години. Првиот пат добил пресуда од 12 години, а во 1974 од 5 години затвор. Неговото семејство било интернирано во градот Ловеч, при што жена му се самоубила.

Маркилов е еден од основачите и најактивни дејци на Независната македонска организација „Илинден“ (во 1968 година), сè до нејзиното откривање во 1973 година, кога е уапсен. Подоцна е и еден од основачите на ОМО „Илинден“ (април 1990). Учествува во организацијата на првиот и воедно најмасовен собир на Македонците кај Роженскиот манастир во 1990 година.

Овој историски документ-карта на Југоисточна Македонија ја зачувал тој и покрај сликата и името ОМО Илинден, на неа го обележал сопственото име (Сократ) кај неговото родно село Бутково

 

Посочил: ОМО „Илинден“ – ПИРИН