Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.
„… До Претседателството на Президиумот на Народното Собрание на Народна Република Македонија
ЖАЛБА
од Панзо Соколов од гр. Крушево улица Генерал Темпо бр. 148, на Решението на Одборот за Илинденски пензии при Пр. на Н. Собрание на НРМ бр. 1161 од 1 декември 1947 г.
Се жалам на Решението кое погоре го назначив со следните образложенија:
1) Јас како член на Македонската Револуционерна организација уште пред 2 август 1903 година се жалам против решението со кое ме одбиваат од правото на пензија като не ми се призна својството качеството на револуционер и учесник на националната борба за ослободуење на Македонија и да не сум со ништо придонел за Илинденското востание кое стана на стана на 2 август 1903 година.
Погрешно е разбирането на Одборот оти ние од Кумановско не сме зели живо участие во припремуене на востанието и непоемане на борба и револуционерна организација основана во нашиот крај од самиот Гоце Делчев кој мина пред 1903 година и по нашата каза.
Јас сум несамо учесник во борбата не и нејзин раководител и организатор. Јас сум тогај живејал во село Живини родното ми село кое се навогја на аголот помегју казите Скопска, Св. Николска, Велешка и Кумановска. На тоја агол а по самото местоположение е такво да не само преди 1903 година и во самата 1903 година и след годината е служило като пункт през кој е минуеле и организирани активни борци – четници и раководители на организацијата така да нашиот пункт беше спојка со останалите кази – околији на Македонија.
Во една таква организација влизаа само смелии дурашни измегју који се зачислуам и со ведро чело и бел образ го носам името на Илинденец па макар и да се това не признава од Одборот кој е станал на принципне гледиште дека Куманово и Кумановска околија по време на Илинденското востание останало „пасивно“.
Дали е пасивно тоа што сме били спроводници на револуционери? Дали е „пасивно“ тоа што сум и јас и многу другари од селото Живини и селото Винци и околните села до село Живини били активни борци и со оражие кое тогај немаше во доволен број се упражнуевме и бевме сигурни четници и во борбата сме земали участие кога се открие која револуционерна чета во нашиот крај. Сметам дека това не може да се каже а може да се каже само дека сме били активни и това од маштаб на поголема и смела акција.
Што да кажеме за поеманата борба на Гјуршкиот манастир во непосредна блискост на 1903 година кога се револуционерите од Крушево вракјаа назад за Бугарија како тогашно уточиште на револуционерите, што да кажам за борбата во село Пчинја Кумановско; што да кажам и за Вишката афера кога нашата кукја беше сардисана од аскер и сме затварани и таткото ми остави коски во занданите турски. Што да кажам јас кој сум тормозен и од Турци три пати и од српските шовинисти след лажното ослободуене 1912 година?
Резултатот е јавен. На моји седумдесет и шест години се шетам по Кумановски улици како пребиен во преки што сум бил здрав како кремен.
2) Нашата лоза, лоза на Соколови од Живине се извесни не само во борбите преди 1903 година не и след таа дата па и по време на 1912-1915 година и по време од 1918 до 1945 година и денеска.
Кој е дал воспитание на синеите да барат „Чувешки правидини и човешки живот“. Таа стара песен во ново издание е песната на Гоце Делчев и великиот револуционер на братска Бугарија Христо Ботев.
Под тоа девиз а не и под девизата на Голема Бугарија се боревме и таа традиција се пренесе и на мојте синеи који зедоа видно участие во борбата за целосното народно ослободуење од поробуачите на Македонија.
По тоа прашанје се налага и анкета за да се точно извиде дека има и во Куманово лугје који се со својот активитет во револуционерната борба на равна нога со другарите од други околији. Но Куманово има една несрекја, а тоа е што од него нема кој да докаже својата дејност и дејноста на другарите од Куманово. Ние од Куманово и Кумановско признаваме дека сме били водени од раководители од побудните места како што е Штип, Велес, Битола и така натака. Овоа довагја од там што Куманово е селско место и по ново место и така да и Кратово и ако по малко место по бројот на жителите се истакнуеше испред Куманово. Но се тоа не значи да и од Куманово нема човек кој е бил на пост и се борил за народно ослободуене.
Ја молам да се распрашаат како за мене така и за Стојче Лазев Павлешејски кој на 90 години се влече по Куманово без секоја помошт за нашата дејност. Нашите села и Павлешенци и Живине се Которски, трокатче и како такви сме зели живо участие во револуционерните борби и има читава традициа од борбата. Нашите села се постанали раководниод Куманово така да Гјорге Малински е од село Малино по произход а има много лугје и од Овчеполско који имаат видно участие за само Куманово.
Сметајќи дека сум лично докажал да сум зел живо участие во борбата, сметајќи дека сум сега по стари години без средства за живот оти моите синеи имаат толку приходи колку за нивното подржуене како семејни домакини за тоа молам. Президиумот на народното собрание да нареди една анкета по моето прашанје и да се не само на мене но и на другарите од Куманово и Кумановско признае правото на секој кој е земал участие во таква една слатка борба. Исто така и во борба за ослободуене од туторите Бугарите кои сакаа землјата да ја побугарат и во кое нешто не се имали успех.
Со овија образложенија молам да ми се признае и својството на револуционер и својството на материјална помош оти сега не сум ниту тргоец, ниту при имот кој би ми давал доходи.
Се што имам тое е борбата за ослободуене на Македонија.
Смрт на фашизмот слобода на народот.
Куманово, 12 коложег 1948 година. …“
Извор: Вечер Печат