1925.02.25_’Македонско съзнание – Македония и културната и роля’, бр.4, стр.3-4

1925.02.25_'Македонско съзнание - Македония и културната и роля', бр.4, стр.3-4-n

Весникот „Македонско сознание“ објавил статија во којашто ги истакнува културните заслуги на македонскиот народ и посебно го нагласува богомилството како една 0д тие придобивки за човештвото.

Ја пишувал писател под псевдонимот „Анин“, направил преглед во пет точки на причините за појавата на богомилството, за неговата самобитност и суштина, како и за неговото влијание врз други народи.

„Меѓународните патишта, природните богатства, излезот на море и стартешките предности на Македонија се вечно оспоруваните елементи на жестоките борби за неа. И наспроти непостигнатата цел, Македонија сѐ уште останува (нивна) мечта. Во виорот на судирите, Македонија стана спроводник на неколку култури, а македонскиот народ во својата борба за живот се искали и дообликува, и политички и социјално.
При тие услови македонскиот народ создал идеи, коишто со гордост можат да се сметат како големи културни заслуги кон човештвото. Една од најкрупните заслуги на Македонците неоспорно е богомилството.

По сѐ ова, ако величави споменици не го посведочат значењето на поп-богомиловите идеи, ако во руините на настаните лежи неможноста на македонскиот народ да го издигне ликот на својот патријарх на политичко-социјалните идеи на неопходната вистина, тоа утре нема ли да ја пречека зората, кога македонскиот народ слободен, подреден под културното знаме на другите слободни народи поздравувајќи го најголемиот реформатор на Европа – поп Богомил, учителот на Вилкеф, Лутер, Цвингли, Калвин, Хус, Маркс, Крoпoткин и Толстој? Тој спомен ќе биде овековечен во културната историја на Македонија!“

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story …