Во збирката „Полиња и Гори“ (Поля и гори) од 1884 година од поетот Иван Вазов од македонско потекло кој живее во Бугарија, во подглавјето „Македонски сонети“ се наоѓа песната „Пред Беласица“ посветена на битката на Цар Самоил со Василиј II.
Поетот јасно истакнал во песната дека Самоил е македонски Цар или „македонски император“ како што тој го наведува во песната. Исто подолу, во забелешките под (1) јасно е наведено дека под „македонски император“ се мисли на Самоил, а не на Василиј II.