Во својот долг одговор на анкетата од в. “Балканска федерација”, Хампл меѓу другото вели:
„Сегашното решение на македонското прашање направи цел еден народ да биде распарчен меѓу Југославија, Бугарија и Грција и подложен на политика на терор за да се откаже од националното единство и да се асимилира во владеачката нација – или да се истреби…“
Трагедијата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД се состои и во фактот што тој не поседува конститутивни сили, а неговите соседи го користат тоа за да ги остварат своите грабачки апетити на сметка на овој несреќен народ..“
Или во оригиналот на француски јазик:
„La solution actuelle de la question macedonienne a fait qu`un people enter a ete morcelle entre la Yugoslavie, la Bulgarie et la Grece et soumis a une politique de terreur pour lui faire perde l`unite nationale et l`assimiler a la nation dominante – ou l`exterminer…
La tragedie du PEUPLE MACEDONIEN consiste cepandant aussi dans le fait qu`il ne possede pas encore des forces constituantes, et ses voisins en profitent d`une facon effrenee pour satisfaire aux depens de ce malheureux people leurs appetites de lecre et de rapine.“
Како син на железничар со бројно семејство, набргу морал да го напушти школувањето во гимназија за да работи како браварски чирак. Во 1895 год. завршува занаетчиски к*рсеви и работи во разни претпријатија како механичар.
Во 1907 год. е именуван за генерален секретар на најголемата чешка работничка организација – организацијата на металуршките работници.
По три години ќе е и Претседател на Чешкословенската Социјал-демократска партија, а потоа и пратеник во Парламентот на новата Чешкословенска република.
Всушност тој е еден од најжестоките и најомилените национални трибуни за самостојна Чешкословачка држава. Заради заслугите како голем национален лидер тој обавува бројни функции подоцна, а бил и Претседател на Институтот за социјално осигурување – организација со повеќе од два и пол милиони членови, но и Министер за јавни работи. Антон Хампл објавува бројни свои дела од областа на колективното договарање на трудот. На сликата е прикажан како им држи говор на масите народ на плоштадот Венцел во Прага.