Документ на ЦИА кој потврдува за соработката на Ванчо Михајлов со Гестапо и разни други нацистички и фашистички сили.
„… 4. Од 1928 година ВМРО никогаш нема одржано званичен конгрес каде Михајлов би требало да даде отчет за неговите дејства. Од 1928 до 1934 Михајлов останал во Софија и ја отстранил сета опозиција на неговото водство; има гласини дека повеќе од 1000 Македонци биле отстранети, главно од бугарската Влада, кои би можеле да конкурираат на Михајловото водство.
5. Во 1934 Михајлов ја напуштил Бугарија и следно бил виден во Турција. Подоцна тој се преместил во Полска, и, кога Германците извршија инвазија на Полска тој се преместил во Загреб каде што бил личен гостин на Анте Павловиќ (Павелиќ н.з.). Кога Германците го зазеле Загреб тој се преместил во Виена како посебен госин на нацистичката Влада. …“
6. Во текот на II Светска Војна Михајлов работел во целосна соработка со Нацистите користејќи го неговиот човек (fnu) Цилев или исто познат како Тсилеф во односите со Гестапо. Цилев подоцна бил убиен, некаде во 1944, од Гестапо. Подоцна Асен Аврамов [некогаш познат и како Аврамоф] го презел местото од Цилев и тековно [Сечко 1953] е во Канада.
7. Аврамов бил испратен во Канада од Михајлов за да го зајакне МПО, да себере повеќе пари и исто така да ја закочи опозицијата на МПО и во Канада и во САД. …“
Посочил: Портал off.net.mk