„… Династијата на Птолемеите претставува македонско семејство кое владеело со Египет за време на хеленистичкиот период, од смртта на Александар Велики во 323 година пред Христа, па сѐ до времето кога Египет станал римска провинција во 30-та година пред Христа. Во различни временски периоди Птолемеите ја држеле под своја власт и Киренајка (која се наоѓа во северна Либија), Палестина и Кипар. Династијата била основана од александровиот генерал Птолемеј… Иако не биле со египетско потекло, Птолемеите се придржувале кон повеќе египетски традиционални обичаи. Исто како што правел и Александар, така и тие се претставувале себеси на јавните споменици во египетски стил и облеки… Сепак, во нивната војска доминирале грчките и македонските должносници… Последната и сигурно најславна владетелка од Птолемеите била Клеопатра, која независно владеела, прво со поддршката од Јулие Цезар, а подоцна и од Марко Антоние …”.
Посочиле: Портал Македонска Нација и Александар Донски