АПЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ, САД И ПОШИРОКАТА СВЕТСКА ЈАВНОСТ, ОД ГРУПА ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ И ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ
Дури и во 21 век, во време на широки човекови права и слободи, „Македонското прашање“ е сѐ уште актуелно и е во фокусот на Европската унија и САД. Доказ за тоа е утврдената преговарачка рамка за Македонија. Како членка на Унијата, и широко поддржана од Брисел, Бугарија бескрупулозно ги блокираше македонските заложби за членство. Оваа политика на Софија е прецизирана во два документи – „Бугарска национална доктрина за XXI век“, објавена во 1997 година, и во вториот нејзин дел – „Национални стратегиски програми“, објавен во 1998 година. Во нив е очигледен бугарскиот нагласен национал – шовинистички однос кон Македонија. Во овие документи се прецизирани големобугарските аспирации и стремежи кон Република Македонија. Тоа е нивна стара доктрина, уште од 19 век. Без никакви издржани аргументи, таа се базира на непризнавање на националната посебност на Македонците, коишто се третираат како „Бугари“. Бугарската држава го негира постоењето на македонски народ и на македонски јазик, историја, култура…. Го негира македонскиот национален идентитет. Оваа Бугарска државна стратегија е денес поактуелна од кога било. Подготвена е од бугарските квази научни кругови, предводени од БАН (Бугарската Академија на Науките). Најшироко е поддржана и од сите политички фактори во земјата. Спомнатата „Бугарска национална доктрина“ претставува латентен генератор на нестабилност не само на Балканот, туку и во цела Европа. Нивната неспорна цел е бугаризација на Македонците, што е невозможна мисија. Жалосно е што сите научни институции и политички структури во Бугарија, посветено работат на реализација на овие бесмислени цели. Евидентно е дека Бугарија, којашто не успеа да ги реализира своите историски синдроми во завојувачките војни во 19-тиот и во 20-тиот век, се стреми да ги оствари преку злоупотреба на своето членство во ЕУ. Унијата и служи на Бугарија како алатка за исполнување на нејзината шовинистичка доктрина, според која треба да се избришат Македонците како одделен народ. Овие два документи се јавно објавени во Бугарија. Тие се во сила, недостојни се за членка на ЕУ, ама и за Брисел. Толеранцијата на ЕУ и САД, претставува охрабрувачки фактор за Софија, да продолжи co реализирање на своите нецивилизациски и антиисториски стратешки цели кон Македонија. Покрај тоа, за Национален Ден е прогласен 3 Март. Тоа е датумот кога, во 1878 година, е прогласена Санстефанска Бугарија. Тоа беше проект на Москва, co којашто беше создадена Голема Бугарија. Замислата беше таа да биде руски сателит. Траеше само неколку месеци, до Берлинскиот Конгрес од јуни 1878, и никогаш не беше реализирана во пракса. Таквата голема Бугарија опфаќала територии коишто денес припаѓаат на пет држави. Co одредувањето на 3 март за национален ден, Софија јасно става до знаење дека го следи континуитетот на таа експанзионистичка стратегија. Имајќи го сето ова предвид, најприродни се, нужни и неизбежни отпорот и жестокото противење на Македонците и сите други граѓани на Македонија, за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. He може и е апсолутно исклучено, еден од конститутивните народи на Македонија да биде дел од бугарскиот народ којшто, како дел од фашистичката антанта ја имаше окупирано земјата во Втората светска војна. Токму во борбата против бугарските фашисти беше создадена современата македонска држава. Од тие причини, нема и не може да има место за Бугари во македонскиот Устав. Исклучок е можен единствено доколку тоа се направи на реципрочна основа, co внесувањето на стотици илјади Македонци во уставот на Бугарија. Тие се малцинство изложено на вековен геноцид, коешто не ужива никакви општо признати универзални права. Во Македонија, пак, според последниот попис, официјално има 3.504 Бугари, коишто ги уживаат сите права. Нема држава во светот којашто во Уставот става толку малобројно малцинство. Зачудува фактот што Европската Унија ги подржува ваквите отворени негаторски политики на една од своите членки која отворено ги загрозува основните постулати врз кои се темели Унијата. За жал преседанот станува правило во однесувањето спрема државите кандидати за членки на Унијата. Силно сме уверени и очекуваме дека меѓународните фактори ЕУ и САД ќе реагираат во духот на Копенхашките Критериуми, Повелбата на ОН, почитување на човековите и малцинските права на македонското национално малцинство во Бугарија и Грција. Целиот текст на повикот (апел) со историски прилог од проф. д-р Михајло Миновски во pdf формат. Целиот текст на повикот (апел) со историски прилог од проф. д-р Михајло Миновски во Word формат. Потписници на Повикот: English version of the appeal APPEAL FROM MACEDONIA OPEN LETTER TO THE MEMBER STATES OF EU, USA AND WIDE WORLD PUBLIC, BY GROUP OF INTELECTUALS AND OTHER PUBLIC FIGURES
OPEN LETTER TO THE MEMBER STATES OF EU, USA AND WIDE WORLD PUBLIC, BY GROUP OF INTELLECTUALS AND OTHER PUBLIC FIGURES
Even in the 21 century, in time of broadly recognized human rights and freedoms, „the Macedonian Question“ is still an issue and in focus of the European Union and the United States. The proof about this is the established negotiation framework for Macedonia. Being a member of the Union and widely supported by Brussels, Bulgaria unscrupulously blocks Macedonian membership attempts.
The Sofia’s policy is precisely exposed in two documents – „The Bulgarian National Doctrine for the XXI Century“, published in 1997, and in its second part – „The National Strategic Programs“, published in 1998. These documents openly reflect the Bulgarian national-chauvinistic attitude towards Macedonia. They precisely show the greater Bulgarian wishes and aspirations against the Republic of Macedonia. That is their old doctrine, which originates from the 19th century. It is based on non-recognition of the national identity of Macedonians, who are considered „Bulgarians“, without any sustainable arguments.
The Bulgarian state denies the existence of the Macedonian people and the Macedonian language, history, culture…. They deny the Macedonian national identity. This Bulgarian national strategy comes to the fore like never before. It is developed in the Bulgarian quasi scientific circles, lead by BAN (Bulgarian Academy of Sciences). It is most widely supported by all the political factors in this country. This so called „Bulgarian National Doctrine“ represents a latent generator of instability, not only in the Balkans, but all over Europe. Their undisputed goal is bulgarisation of Macedonians, which is a mission impossible.
It is a pity that all the academic institutions and political structures in Bulgaria work dedicatedly to realize these senseless aims. It is obvious that Bulgaria, not succeeding to achieve its historical goals during its occupying wars in 19-th and 20-th centuries, aspires to achieve them by abusing their membership in the EU.
Bulgaria uses the Union as a tool to fulfil its chauvinistic doctrines, according to which Macedonians should be wiped out as a separate nation. These two documents are publicly supported and enforced in Bulgaria and they speak against Bulgaria as unworthy for EU membership, and for Brussels too. The EU and the USA’s tolerance, are encouraging factor for Sofia to continue in realization of their uncivilized and anti-historical strategic goals against Macedonia.
Beside that, the 3rd of March has been proclaimed as their National Day. This is the date when in 1878 the San Stefano Bulgaria was declared. That was a project coming form Moscow, laying the foundations for the Greater Bulgaria. The idea was that it should become a Russian satellite. It lasted only few months, that is, until the Berlin Congress in June 1878, and was never realized in reality. Such Greater Bulgaria was to cover the territories that today belong to five states. By determining the 3rd of March as the National Day, Sofia clearly declares that it will follow the expansionist strategy.
Having all this in mind, the resistance and the fierce opposition of every Macedonian and all other Macedonian citizens are most natural and indispensable against the mention of the Bulgarians in the Macedonian Constitution. It can’t be and it is absolutely rejected that the major constitutive people Macedonian be considered as Bulgarians a country and nation that occupied Macedonia as part of the fascist ANTANTA during the Second World War. What is more, it is precisely, during the struggle against the Bulgarian fascists, that the modern Macedonia state was founded.
For these reasons: there is no place, and it couldn’t and shouldn’t be for Bulgarians in the Macedonian Constitution.
The only exception can be made if it is done on an reciprocal basis with mention of hundreds of thousands Macedonians in the Constitution of Bulgaria. They are a minority subjected to a century old genocide not enjoying any kind of universally recognized rights. On the contrary, according to last census in Macedonia, there are officially 3,504 Bulgarians, who enjoy all the rights accordingly. There is no country in the world which mentions such a small minority in its Constitution.
It is a surprising fact that the European Union supports such an open denying policy of one of its members that openly endangers the basic postulates on which the Union was founded. Unfortunately, this precedent has become a rule in the attitude of the Union towards candidate states for the membership in the Union.
We are strongly convinced and expect that international factors such as the EU and the USA will react in the spirit of Copenhagen Criteria, the UN charter in favor of respecting human and minority rights of the Macedonian national minority in Bulgaria and Greece.
Signatories of the appeal