Оваа книга се појави во прво издание во 1965 Година.
Во 1967 година таа беше вклучена во моите избрани работи,
објавени од Култура — Скопје, како седма книѓа. При тој
случај внесов некои мали поправки во текстот. Во изминатите
десетина години имав можност да се вратам повторно
на некои прашања од историјата на македонскиот
јазик во повеќе специјалии испитувања. Се собра нов мате-
ријал и се изменија моите погледи во однос на објаснувањето
на некои појави, особено во делот посветен на историската
фонологија на македонскиот јазик. Сето тоа доведе go за-
бележита интервенција во текстот, go раширување, пре-
распределба, нови интерпретации, при се што основната
негова структура остана зачувана.