1932.12_Архива на ВМРО (на Ванчо Михајлов) – Комитски

Вероучение - Поука 03

„Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светс­ки вла­детели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зош­то да не се случи исто­то и со Македонците?…Заш­то ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после тол­ку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! …Бу­гарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е маке­дон­ско. Зошто Бу­га­рија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? За­рем Ма­ке­донците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари – толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голе­ма! Едните биле на Бал­кан­скиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дош­ле во 7 век… Дос­та веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Вре­ме е да се вик­не: Македонија на Македонците. Ослободената бу­гарс­ка Маке­дони­ја да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Маке­до­ни­ја додека е време!

цит. според Блаже Ристовски

 

Овој документ потпишан со прекарот “Комитски” бил создаден во снежник 1932 година. Меѓу членовите и поддржувачите на ВМРО на Ванчо Михајлов долго време повеќето од нив биле убедени дека се борат за независна Македонија. Овој запис потврдува дека постоело мислење за себе дека се Македонци со древно-македон­ско народносно потекло.

Документот е пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов.

Посочил: Портал Македонска Нација