За време на социјализмот кај подоцнежните поколенија македонски родољуби, Методија Андонов – Ченто ќе биде водечка инспиративна личност во борбата за независна и обединета Македонија. Запрашани за што се борат, многумина од нив одговарале „за идеите на Ченто“. Така што неговата жртва, неговото и страдањето на семејството нема да бидат залудни.