На 17.03.2023 г. во НУ Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 19:00 часот се оддржа четвртата по ред трибина во организација на Фондацијата „Елеуса“. Темата на оваа трибина беше зошто не за сеопфатното сексуално образование во училиштата, како родовата идеологија се пропагира преку ССО и што тоа значи за психо-физичкиот развој на децата.
Покрај универзитетскиот професор и автор д-р Венко Андоновски и епископот Јаков Стобиски, на трибината свое излагање имаше и „Коалицијата за заштита на децата“, и притоа беа изнесени неколку главни поенти.
Проф. д-р Андоновски кажа дека денеска постои извртување на вредностите и наместо сексот да биде круна на љубовта, тој се става како центар и почеток на една врска. Епископот Јаков отворено ја разобличи транс активистката Ирена Цветковиќ и останатите ЛГБТИ+ активисти и организации, како и нејзината агенда за индоктринирање и сексуализација на децата. А претставникот на Коалицијата, г-ѓа Гордана Гоџо, стави акцент на тоа дека родителите се движечката сила во борбата против злото на родовата идеологија и мора да активно да се вклучат во училишните совети на родители и други тела, каде ќе можат да вршат влијание врз образованието на своите деца.
Двајцата, и епископот Јаков и Гордана Гоџо посочија дека крајната цел на родовата идеологија и секуализацијата на децата е веќе видлива – нормализирање и озаконување на педофилијата.
Меѓутоа, крајната порака беше дека не се предаваме и нема да дозволиме да ги злоупотребуваат нашите деца. Платеници што одработуваат за пари никогаш не можат да ја победат љубовта што родителите ја имаат за своите деца, затоа и ќе победиме!
„Коалицијата за заштита на децата“ искажува голема благодарност до Фондацијата „Елеуса“ и епископот Јаков Стобиски за поканата да учествуваме на оваа трибина и ја информираме јавноста дека со оваа заедничка активност официјално започнува и нашата посериозна заедничка соработка.
Целата трибина може да ја проследите на снимката подолу:
00:00-18:30 – излагање на проф. д-р Венко Андоновски
18:50 – 1:13:00 – излагање на Епископ Јаков Стобиски
1:13:08 – 1:35:18 – излагање на г-ѓа Гордана Гоџо од „Коалицијата за заштита на децата“
Упатница до изворната статија
Коалиција за заштита на децата