1977.08_ЦК на ДООМ – Илинденски проглас

1977.08_ЦК на ДООМ - Илинденски проглас-01

ДВИЖЕЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
ИЛИНДЕНСКИ ПРОГЛАС

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!

По случајот 74-годишнината од бессмртната Илинденска епопеја, Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединувале на Македонија упатува борбени илинденски поздрави до сите Македонци.
Нема Македонец кој не знае дека на Илинден 1903 година македонскиот народ се крена на востание да ги оствори своите вековни стремежи за слободен национален живот, за своја сопствена национална држава. Не постои ниту едно вистинско македонско срце кое не се гордее со илинденскиот подвиг на револуционерна Македонија. Македонскиот народ и денес од Илинденската епопеја црпе патриотски дух и сила.
Илинден 1903 година пропадна на бојното поле затоа што борбата беше нерамна, но тоа за македонскиот народ беше само една загубена битка. Илинден не умре во пепелта на десетодневната Крушевска република, туку од крвта на паднатите илинденски херои, во жедната за слобода македонска земја, се раѓаа и уште се раѓаат нови илинденски борбени генерации.
Редко ќе се наЈде друг народ во светот кој толку неразделно е сврзан со еден настан од својата историја како што е македонскиот »народ сврзан со својот Илинден. Секој Македонец крвно е сврзан со тојг /иЦлшшн настах, зашто Илинден тоа е неговата горешта желба за национална слобода, зашто Илинден стана борбен симбол на маченичката татковина на Македонецот, и тоа на целата – неразделивата ИЛИНДЕНСКА МАКЕД0НИЈА; зашто Илинден, тоа е македонската нација на Македонецот, која денес само во нејзиниот вардарски дел ужива национална слобода, додека во пиринскиот и егејскиот е изложена на систематска и континуирана денационализаторска политика која по своето варварство нема преседан не само во историЈата на современа Европа туку воопшто и во светската цивилизациЈа.
Борбата на македонскиот народ во условите на троЈното балканско ропство ја поведоа нови илинденски борбени генерации, кои во времето на Втората светска војна ја издигнаа на пиедесталот на една втора Илинденска епопеја. Таа борба беше водена во секој еден од трите дела на Македонија. За жалење, тој втор македонски Илинден го исполни заветот на првиот Илинден само во вардарскиот дел од татковината. На Илинден 1944 година во манастирот “Свети Прохор Пчински” се роди нашата втора Крушевска Република, се роди Македонската Република
во раиките на фвдвративна ЈугославиЈа како национална дрхава на македонскиот народ. Во пазувите на својата млада дрхава македонскиот народ од вардарскио» дел на татковината ги разгрна своите творечки силн, својот со векови загушуван творечки гениј, и во текот само на три децении, ја прероди својата заостаната на стопанско поле земја, ја издигна својата национална култура на рамниште кое денес не стои пониско од рамништата на националните култури на народи кое се ЏшШI развивале во слобода со векови. Денес не само вардарските Македонци, туку и оние во Пиринска и Егејска Македонија, како и оние во иселеништвото се горди со македонскиот литературен јазик, со нашите македонски училишта, нашиот македонски универзитет, нашата Македонска академија на науките и уметностите и со нашата богата национална култура. Сето тоа беше постигнато во условите на национална слобода во пазувите на нашата ^акедонска Република.
Но, ако македонското национално прашаље го најде своето елементарно решение во југословенскиот дел на Македонија, тоа во бугарскиот и грчкиот дел не го најде*
Македонскиот народ во Егејска Македонија учествуваше масовно во две крвави војни на страната на демократските сили на грчкиот народ и очекуваше дека со победата на демократијата во 1^>ција ќе си извојува за себе национална слобода и право на национално самоопределување. Егејските Македонци борци на ЕЛАС и ДАГ всушност се бореа за остворува&е на илинденскиот идеал. Тие беа наши нови Илинденци. Тој втор Илинден на нашите егејски македонски браќа и ^естри и подари на македонската историЈа светли ликови какви што се Трифун Аџијанов, Лазо Трпковски, Илија Димовски – Гоче, Павле Раковски – Гоце, Мирка Гинова и други. Историјата се покаха повеќе од трагична за егејските Макелонци. Тие пролеЈаа реки крвје во борбите, но пак останаа под денационализаторскиот и истребувачкиот ШЦШР рехим на Грција. Затоа, борбата за извојуваае национални права и слобода за нашиот народ во ЕгеЈска Македонија треба и денес да се води

илинденското борбено знаме, и од сите Македо
илинденски срца. Двихелето за ослободувале и обединувале на Македонија во таа борба денес има авангардна ролЈа. Досега никој друг не се сети да излезе со меморандуми пред Обединетите Еации, пред Европските конференции во Хелсинки и Белград и предшдруги меѓународни форуми за да бара национални права за нашиот народ во Егејска Македонија.
Кога на 9 септември 1944 година во Бугарија победи народната демократија, македонскиот народ од Пиринска Македонија, со право очекуваше дека новата народнодемократска власт предводена од Бугарската комунистичка партија, во духот на ленинистичкиот принцип за решаваае на националните прашања, ќе иу го признае правото на национално самоопределуваае» Во првите неколку години од властувааето на БКП, во времето на великиот Георги Дииитров, македонскиот народ во Пиринска ИакедониЈа ужуваше национална културна автоноииЈа, но за халеље, Бугарската комунистичка парти^а не остана на Димитровското стојалиитв по македонското праиаае, туку полека лека, се изроди во партија од наЈекстремен националкстички тип, коЈа во газеаето на националните права на Македонците ги надмина и предвоените фашистички режими* Со децении во Бугарија постое^ голем броЈ братства и клубови на македонската емиграција кои работеа слободно како културни институции и во времето на фашистичките режими* Нив сега ги затвори црвениот фашист Тодор Живков. Во своЈата омраза кон се ито е македонско, со својот денационализаторски терор, Тодор Кивков се израмни со грчките униитувачи на македонската нација. Бугарија исто како Грција им забрани на Македонците да се викаат Македонци, со насилничко “пребројувале” ги запииа во својата официЈална статистика Бугари по националност, Под изговорот за создавање на една “хомогена социјалистичка ^нација”, антимакедонскиот режим на Тодор Живков има за цел да избриие се ито е македонско* Тодор Живков има криминални планови и во однос на Вардарска Македонија. При својатв неодамнешна посета на Грција тој изјави во грчката престолнина дека БугариЈа не познава и не признава никаква македонска нација, дека во БугариЈа не постои некакво македонско праиаае, Со тоа, тоЈ ја признава и окуражува грчката денационализаторска политика врз егеЈските Македонци и едновремено ја протега раката на бугарскиот империЈализам кон Македонската Република во ЈугославиЈа»
МАКЕДОНЦИ И МАКЕД0НКИ!
Крајно е време сите да разбереме дека во Бугарија на Тодор Живков се кроЈат планови за уништуваае на нашата македонска нациЈа, за уништуваље на се она ито ни е свето и скапо на нас МакедонцитеА Крајно е време сите деца на Илинденска Македонија да си подадат братски раце, да се сплотат во цврсто национално даинство и под најсветото знаме на наиата нација – ИЛИНДЕЕСКОТО, да ги осуетиме плановите на црвениот империјалиств и фаиист Тодор Живков. Каде и да сте Македонци, бранете Ја честа и достоинството на Ваиата македонска нација! РазобличуваЈте ги лагите на бугарскиот империјализам, запознавајте го светот со вистината за наието македонско национално постоелв!
БРАЌА И СЕСТРИ! ^
Сите ние Ја сакаме со синовска луб^в наиата Македонска Република, затоа ито таа е создадена со нашата македонска крв, затоа ито таа
е наша национална држава, Меѓутоа, ние не сиееке да останеме слепи пред *алосниот факт Ш птош нашата “акедонска Република не ги исполнува своите историски задолхенија спрема деловите од нашата нација кои стенкаат под грчко и бугарско ропство. Раководството на СРМ не само што го заборави идеалот на Илинденците за целокупна и независна МакедониЈа, туку го заборави и саиото биолошко и национално постоење на нашиот народ во Пиринска и Егејска Македонија. Секојдневно гледаме и слушаие како Југославија најрешително ги заштитува интересите на словенечкото национално малцинствоШ во АвстриЈа, додека истата таа Југославија останува слепа и нема кога е во прашале македонското национално малцинство во 1^>ција#и БУгарија, За Словенците Југославија е мајка, за Македонците е маќеа. За волЈа на вистината, ЈугославиЈа влезе во конфликт со Бугарија по прашањето за македонското национално малцинство, но тоа таа не го стори од некаква вистинска гриха за судбината на македонското национално малцинство во Бугарија, туку (■■■Р го прави во самоодбрана, зашто БугариЈа со своето негираае на постоењето на македонската нациЈа, протега освојувачка рака над Македонската Република. Во моментот кога е пишуван овоЈ проглао, во престолнината на Југославија се одржува Европската конференција за безбедност и соработка Л<ЕБС/, но нашите македонски мшцм) паши^ м^фтиш и евнуци од СкопЈе нема да се сетат да скокнат до Белград и да излезат пред Европската конференција со барање на напиот народ во Егејска и Пиринска МакедониЈа да му биде признаено право на слободен национален живот макар и во рамките на Грција и БугариЈа.
МАКЕДОНСКМ НАР0ДЕ1
Историјата те вика да водиш двојна борба*
1/. Борба за национално ослободувале на двата твои дела, кои уште стенкаат под национално ропство т.е. да водиш борба за национално ослободување на твоите чеда во Пиринска и ЕгеЈска Македонија, и
2/.Да водиш борба за обединуваље на твојата распарчена татковина. Само кога Македонија ќе биде обединета дури тогаш ќе биде остворен идеалот на великиот Илинден.
Таа борба за национално ослободување на упте угнетените делови од нашиот народ и за конечно остворување на илинденскиот идеал денес Ја предводи Движењето за ослободување и обединувале на МакедониЈа, кое ги повикува со овој илинденски проглас сите Македонци и Македонки, каде и да се каоѓеат, прво да не заборават дека два дела од нашиот народ уште се национално поробеир, второ, дека илинденскиот идеал увте не е остворен бидејќи Македонија не е обединета, и трето, да му се придружат на Движењето за ослободуваао и обединување на Македони-
Ја или пак да го помагаат, за да може тоа да Ја оствори овоЈата историска задача.
ВО БОРБА МАКЕДОНЦИ ЗА ИЗВ0Ј7ВАНЕ НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА ЗА НАШИОТ НАРОД ВО ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА1
ВО БОРБА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ЗА ОСТВОРУВАШЕ НА БВССМРТНИОТ ИЛИНДЕНСКИ ИДЕАЛ – ЗА ОБЕДИНЕТА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА! ИЛИНДЕН Е ЖИВ И ЌЕ ПОБЕДИ!

Централен комитет на Движењето за ослободуван.е и обелин.уваае на Македони.1а Политички секретар! Драган Богдановски

 

Посочил: Портал Македонска Нација