• 1936.07.24_Статија во ‘Македонски вести’, г. II, бр59, стр1 •
„Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат… Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да се наоѓаат тие, а да ги одбегнуваме сите пречки што ја отежнуваат нашата положба.
Сметам дека, од кажаното овде, се сфаќа оти јас го претполагам решавањето на македонското прашање во неговата целина, и тоа во смисла на создавање од Македонија на една независна, самостојна државна единица, којашто ќе ги прекине сите расправии и непријатности меѓу балканските држави, за да настапи најпосле мир и мирно битисување на тој несреќен полуостров.“
Посочиле: Macedonia : a True Endless Story …