„… Пак трње во нашата градина! Во злосторната ревност да создадат свој елемент од нас, Македонците, некои балкански државнички – жртви на еден груб, криво оптегнат егоизам, немаат граници. Една од последниве е Србија… Тие и трговски агенти си издејствувале во Сер… Чунким ќе ја покровителствува српската трговија! Тоа недоволно го тера човека да се запраша ’каква е аџаба таа натрапена добронамерност?’ И навистина, ако тие, како и бугарските управители, толку се беспокојат за злата судбина на нивните најдобри соседи – Македонците, само тој ли е најсигурниот пат со што можат да им помогнат? А, тоа не е и никаква помош, туку една штета, едно убиствено парализирање на нашите сили. Или најлесно кажано, случајот е таков што тие наместо ’да ни нацртаат веѓи‘, ако, се разбира, навистина имаат намера да ни прават некое добро – ни ги вадат очите. Многу се лажат, ако пак, притоа си мислат дека со своите манири ќе можат да нѐ подмамат и да нѐ вовлечат во стапиците на својот шовинизам, зашто, пред сѐ, меѓу нас нема ни Бугари, ни Срби, ни Грци, туку само Македонци. Да се знае. …“
Ѓорги Алексов е еден од 100-ците Македонци кои тогаш јасно истакнале дека не се ни Бугари, ни Срби, ниту Грци, туку само Македонци.
Посочиле: Македонија бескрајна приказна