• 1913 Македониски Голос •
Во време на турското господство македонските Словени за сето време не престануваа да водат свесна и упорна борба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразувале Турците, но, се разбира, на крајот од краиштата, востанијата секогаш биле задушувани во потоци од македонска крв… Тие земале учество и во ослободителната борба на своите соседи – Србите, Грците и Бугарите – чија што слобода била извојувана со усилбите и сопомошта и од Македонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78 г. 2/3 од доброволците од балканските Словени биле Македонци. Имињата на Ѓорѓи Пулевски, Стојан Везенковски, Попот Буфски и на цела плејада други што зеле учество во херојската борба на крстот со полумесецот, многу им зборуваа, а и сега уште им зборуваат, на срцата на јужните Словени. И ако Македонија и по за неа несреќниот Берлински конгрес мораше да остане под господството на Турците, тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите други Словени до административните центри на Османлиската империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓање на Турција во Европа.
Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ во жртва на одмаздата неразбиените Турци, кои знаеја каква улога игра македонските одреди во за нив несреќната војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена и започна нерамна борба против Турците за своето ослободување. Востанието траеше повеќе од една година и заврши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои најпосле, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, а македонската интелигенција беше делум истребена, делум најде спас во бегството во слободните држави.
Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието, ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35 години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па сѐ до сегашната војна, се една крвава страница на непрекината гигантска борба на македонскиот народ за своето ослободување… Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на татковината го искупија правото на Македонија на слобода…
Само за едно петлетје – од 1898 до 1903 година – имаше повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците.
Упорната востаничка борба против Турците се раководеше од таканаречената Внатрешна организација, која во текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година), изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проникнати само со дух на протест и востание, елементи, таа ги претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните дејци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев…
• 1914.11.20 •
• • •
Во името на правото, во името на историјата, во името на практичноста, Ве молиме Вас, браќа, да ја прифатите следнава информација: Македонија е населена со хомогено православно население, кое има сопствена историја, свој начин на живот, своја држава во минатото, свои идеали. И оттука има право на самоопределба. Македонија треба да биде независна држава, со сопствени етнографски, географски и културно-историски обележја, со сопствена влада и народно собрание. Македонската држава треба да биде независна како и другите балкански земји. Неопходно е да се возобнови старата охридска автокефална црква, која потоа треба да оствари канонски релации со црквите на Грција, Русија, Бугарија, Србија, Романија