1892+ « 1946.08.10_Илинденски сведоштва – Милица Јосифова Боева, Кичево

Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.

„… До Президиумот на Народното Собрание

на НРМ

Скопје

Молба

Од Милица Јосифова Боева, родом од гр. Кичево,

сега живее во Струмица

Од осниванјето на Македонската револуциона организација јас како учителка беф во стална врска и контакт и соработувах до Илинденското востание и после тоа за време на Отоманската Империја во Кичевско. Како куриер носех разни поверливи писма во цела Кичевска револуциона околија, каде ми наложува раководителите. Носех писма и тоа од село Вранештица-Кичевско до с. Бигор-Доленци-Кичевско, во самиот град Кичево на раководителите на востанието во Кичевско во планината Гјургјејца и Копачка и Рабетинска река-Кичевско. Носех на овије раководители: Јордан Пиперка, кој е утепан пред востанието, Наке од Лавчани који е утепан по востанието, Крсте Алексоски – војвода, и Ванчо Гјуркоски – од с. Вранештица, који е утепан по востанието. Сите тија беа војводи који водеја Илинденското востание во Кичевско. Исто така сорботувах со Ефтим од с. Свиништа-Кичевско, на кој презимето не можам да се сетам, који беше на чело на движението во Копачка, који пак беше ранен за време на борбите на самото Илинденско востание.

През време на борбите који ги водеја против легалната војска на Отоманската империја нашите револуционери Илинденци беф побегнала заедно со едно дете со мој роднини од с. Орланци-Кичевско во Патејчката планина и се кријех таму извесно време и попосле нелегално прејдех во Кичево при татако ми, дека се кријех во неговата кука, бидејки Турските власти ги факаја сите оније кој се попознати. После веке кога се позаборај востанието излегоф од нелегалниот живот, така да после неколку години дојде и Уриетот.

Извесно време беф учителка во селата Кичевски и во самиот град Кичево, каде работеф на националното македонско осазнание, за разлика од Бугарските учители јас предаваф на моите ученици на мајчиниот Македонски јазик и по казна од училишниот инспектор бех протерана од градот и ме префрлија во село Кнежино-Кичевско, каде развив уште по-голема дејност за Македонското национално чуство кај децата – ученици и народот. Секој пат бех прекорена од инспекторите учители који идеја тогај на инспекција за моето држане како Македонка.

Од протеруванјето на Отоманската Империја, јас не пристанах да бидам учителка нито Српска нито пак попосле Бугарска, ами останаф настрана да работам заедно со мојот маж на фурната во Адакале на Дунав. Исто така кога се врнафме назад во Кичево, Српските власти 1919 година ми понудија да бидам учителка, но јас и тогај одбиф, изговарјки се да сум стара. Попосле мојот маж Јосиф српските власти го малтретираја, така да беше принуден да оди на печалба во Румунија, дека остави коски таму и не се врати веке.

За време на окупацијата Бугарска, јас беф во Струмица, кај сина ми Стојче, каде живејам и сега. Тој сини ми Стојче беше од Бугарските окупатори фашисти затворен и интерниран во конц-лагер Еникјој-Ксантијско, како напреден и симпатизер на НОП. Заедно со снаата ми бехме оставени на милост и немилост на улицата, дека работехме за да извадиме колку за прехраната.

Кога имате предвид горниот мој исказ, јас молим горниот наслов да ми додели пензијчка како би могла под старост да се подкрепам и имам за живеене. Да осетам, дека нашата татковина за која толку работехме бере грижа за нас и дека својите синови и кјерки не ги никој пат заборавува, ако се тија чесни и достојни останале на линијата ни права.

Во тоа име јас сум убедена, дека ке ми излезете во сусрет и извикувам: Да живее нашата татковина ТИТОВА ЈУГОСЛАВИЈА!

10.8. 1946 ГОД …“

Извор: Вечер Печат