1892+ « 1952.04.24_Илинденски сведоштва – Петар Иван Калев, Скопје

Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.

„… ПРЕЗИДИУМОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НР МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ

Ви испракјам сведенија за дејност на ПЕТАР Иванов КАЛЕВ, учител по француски јазик во економското средно школо во Скопје, од кои ке видите каква била неговата дејност уште како совсем млад човек, како ученик во Солунската гимназија, а од кои ке имате и една претстава за неговото семејство – Иван Калев, умрел во 1942 година во Софија.

Јас го познавам добро семејството на Петар Калев, дејноста на неговиот татко и мајка, сестра и брат, а исто така сум го следил и неговиот живот уште од кога го познавам – од негова 14годишна возраст, до сега. Тој произлегува од родољубиво револуционерно семејство. Неговиот татко е еден од првите учесници при оснивањето на Македонската револуционерна организација, и неговата кукја била место каде навогјале прием сите гонени од власта македонски дејатели-револуционери. Изложението кое што тој го дава за себе си дава една слика за таа дејност. Јас ке додадам уште дека тој беше член на Народно-федеративната партија во Солун уште од нејното оснивање – тој беше во Солунската организација која што го составуваше јадрото на Народно федеративната партија, пред оваа последнава да се конституира официјално, и от како се сврши бунтот во Солунската гиманзија тој беше назначен за меариски учител во Мелнишка
околија, а во 1909 година, кога избувна контрареволуцијата во Цариград тој учествуваше во одредот на Јане Сандански за борба против контрареволуцијата и замина со тој одред за Цариград. Ке споменам дека одредот на Сандански, како и одредите на Чернопеев и другите наши револуционери кои стигнаа во Цариград за да го потпомогнат разгромот на контрареволуцијата во Турцијата, изиграа значителна роља во смачкувањето на таа контрареволуција, било давајки силна морална поткрепа на движењето за разгром на контрареволуцијата, било со своето активно учество како борци со оражје во рака против контрареволуционерите. Тој бил и мој ученик во Солунската гимназија, во 1903/4година – тогаш беше ученик во трети клас, и втор пат, во 1908/9 година кога јас бев професор во гиманзијата само два месеци, затоа што егзархијата ме ослободи од таа должност откако беше разбрала дека јас сум истиот тој Д. Влахов, кој во 1903/4 година беше професор во гимназијата, во кое време за време на ваканцијата јас бев уапсен од турските власти и затворен бев четири месеца. А по тоа време, бидејки кон мене поради мојата револуционерна дејност, јас бев и уволнен како учител од самата егзархија.

Овде ке додадам дека Петар Калев беше човекот кој, откако почна да излегува списанието Балканска Федерација, работеше во редакцијата и администрацијата на тоа списание, при кое му беа возлагани и работи од многу поверителен карактер, а и постојано, кога не беше силно ангажиран од возложената му работа, ме придружаваше заедно со мојата другарка, носејки сите во џеповите си револвери при моето движење во Виена. Тоа продолжи цели 4 години додека Балканскиот револуционерен центар не се премести во Берлин, а и јас, како и другите раководни другари од ВМРО (Об.), бевме се преместиле исто така во Берлин. За време на моето престојавање во Берлин, додека списанието Балканска Федерација продолжуваше да излегува во Виена, Петар Калев беше врската мегју мене, како главен редактор и директор на списанието, и печатницата, и сотрудниците на тоа списание, кои се навогјаа во Виена. Преку него се установуваа и извесни врски мегју наши дејатели кои довагјаа од Македонија во Виена а немаа возможност да отпатуваат во Берлин, и раководството на ВМРО (Об.), списанието Балканска Федерација и весникот Македонско дело. Таа работа тој ја испонуваше добросовесно додека најпосле тој беше прогонен од австријската полиција, и замина за Париз. На полицијата во Париз австријската полиција беше го испратила целото досие за него, како и за мојата работа додека бев во Виена. Во Париз Петар Калев учествуваше во македонското друшство – на Антифешистичкиот конгрес во 1933 година во големата сала Плеел, тој беше делегиран од страна на друштвото да учествува како негов претставител.

Нека споменам уште дека Петар Калев беше доброволец во Шпанската грагјанска војна, а подоцна се борел во редовите на француската армија против германските нацисти. Подслонил се во Франција, во семејството на извесниот француски географ Елизе Реклју – близу до шпанската граница, после ослободувањето на Југославија тој се врати во Скопје каде завзимаше должности било во Министерството на градежите, подоцна како учител во средното техничко школо по дискриптивна геометрија, а оваа година како професор по француски јазик во економското средно школо.

Овде ги прилагам напишаните од него сведенија. Сметам, дека Петар Калев е еден од оние македонски револуционери на кого спокојно може да се даде Илинденска споменица.

24 април 1952 година

Белград …“

Извор: Вечер Печат