Дознака: татаризам
Податоци за татарските состојки во бугарската нација.
Крсто Трајков Ресенски
Дека сме Македонци и ништо друго, бидејќи и онака јас одамна тврдам дека со Бугарите сме само пара-браќа, како што сме и со останатите славјански народи, имено – Македонецот е по крв Славјанин помешан co Старо-Македонци, Бугаринот е мешавина од Славјаните и Аспаруховите Волгари.
1992_Петър Мутафчиев – ‘История на българския народ’, IV, БАН
Бугарската Академија на Науките татаро-монголската етногенеза ја внесува во корените на современата бугарска нација.
1980_БАН – ‘Етнография на България’, София
Бугарската Академија на Науките (БАН) туркско-монголската етногенеза ја смета како идентитетски дел од современата бугарска нација.
1981_Веселин Бешевлиев – ‘Прабългарски епиграфски паметници’, с17-18, (БАН)
Нејасно е зошто останал називот Бугари, Бугарија, при толку мало учество на турско-татарската прабугарска култура во склопот на претежното словенско население со словенска култура.
1915_Frank Fox – ‘Bulgaria’, London
„… Тука се Бугарите, изворно татарски народ кој дошол од бреговите на Волга, кои влегле во Бугарија во седмиот век исто како што Норманите влегле во Англија нешто подоцна и кои се измешале со Словенската раса тие се нашле таму најпрво како освојувачи, подоцна станувајќи апсорбирана раса …“
1981_БАН – ‘Историја на Бугарија’
„… Најраните вести за прабугарите. По потекло прабугарите се турки. Тие се едно од многу туркиски племиња, кои започнале во текот на II век од н.е. да преминуваат од средна Азија во Европа и се првенствено се поставиле во земјите меѓу Касписко и Црно Море. …“
1971_БАН – ‘Бугарски етимолошки речник’, т1, с99, Софија
Името „Бугарин“ етимолошки се поврзува со зборот „бул“ од турско потекло.
2000+_Муфтиј Чувашии Албир-хазрат Крганов
Етногенетски и истоименски роднини на македонскиот источен сосед.
1711_Средновековен запис за Оногундури изворното име на Бугарите
Бугарите самите себе си се нарекувале Оногундури или Оногури. Според повеќе средновековни извори, вистинското име на Татаро-бугарите било Оногури или Оногундури. Оногури е ЕНДОНИМ (самонарекување), а „Бугари“ или „Вулгари“ е ЕГЗОНИМ (онака како другите ги нарекувале). Во случајов Византијците кои наместо нивното сопствено име го употребувале називот „вулгари“. Оногурите биле туркски народ.
1819_William MacMichel – ‘Journey from Moscow to Constantinople in the years 1817, 1818’, Oxford
„… Правите Бугари биле татарски народ, кои во 6. век дошле од бреговите на Волга и (во Мизија) успешно го примиле словенскиот говор на нивните нови соседи – Србите …“ – Запишал учениот Вилијам МекМајкл од Англија. Тој бил британски физичар од Универзитетот Оксфорд, животописец и патеписец од почетокот на 19. век. Во 1817 г., тој ги посетил Србија и…