„До денешно време во Солун, Пела или Едеса (Воден з.н.) се зборува дека Македонија никогаш не била дел од Грција, туку дека Грција била дел од Македонија! И ова е вистина. Македонците никогаш не беа Грци. Македонската империја под водство на Филип и проширена од Александар ги освоила Грција, Тракија, Египет, Сирија, Мала Азија, Месопотамија, Вавилонија, Асирија, најголем дел од Ерменија и териториите на денешна Персија (Иран тогаш го носи името Персија), Западна Индија и Централна Азија на север дури до Аралското Море.“
„Веројатно Македонија повторно ќе се издигне! Таа не може да го направи тоа сè додека Турција го владее Босфорот“ – дополнува во написот со наслов Вокс енд Токс (Walks and Talks) новинарот Јулиус Чемберс.
Посочил: Портал Денешен
Извор: Newspapers.com