1887.07.02_Барање од прилепчани за отворање македонско народно училиште

1887.07.02_Барање од прилепчани за отворање македонско народно училиште

Документ во кој прилепчани бараат македонско училиште, издаден на 2 јули, 1887 година.
Гласи вака:

Изјава
Ние, долу потпишаните од Прилеп, како поданици на неговото Императорство и Величество Султан Абдул Хамид II сакаме да имаме Македонско народно училиште и како ние не сме родум Бугари, затоа не ја познаваме Бугарската Црковна Општина и нивните училишта, а за религиозна заштита го познаваме Папата, но без измена на догмите на Православната Црква.“

Барањето било поднесено од 1.200 прилепски куќи со кое се бара македонско училиште во Прилеп. Меѓу потпишаните е и дедото на бугарофилот Димитар Талев. Главен поттикнувач бил Поп Спасе Игуменов.