Документ во кој прилепчани бараат македонско училиште, издаден на 2 златец, 1887 година.
Гласи вака:
„… Изјава
Ние, долу потпишаните од Прилеп, како поданици на неговото Императорство и Величество Султан Абдул Хамид II сакаме да имаме Македонско народно училиште и како ние не сме родум Бугари, затоа не ја познаваме Бугарската Црковна Општина и нивните училишта, а за религиозна заштита го познаваме Папата, но без измена на догмите на Православната Црква. …“
Барањето било поднесено од 1.200 прилепски куќи со кое се бара македонско училиште во Прилеп. Меѓу потпишаните е и дедото на бугарофилот Димитар Талев. Главен поттикнувач бил Поп Спасе Игуменов.

