„… Секој сака да си објасни, зошто толку држави и толку културни народи паднаја под крвавата чизма на бесните германски кучиња. И ако по рано издадените, измамени и продадени од своите капитулантски и петоколонашки управлениа, не дојдова до објаснуење на таја причина, денеска сите тија народи знајат, дека причината за нимното поробуење не е у Хитлеровата сила, ами у ПРЕДАТЕЛСТВОТО НА НИМНИТЕ УПРАВЛЕНИЈА. Така стана и кај нас на Балканот!
Српската, хрватската и болгарската буржоазија, српскиот и болгарскиот двор и дворските камарили, нифните капитулантски генералштабови и петоколонашки управленија – ГИ ОТВОРИЈА ГРАНИЦИТЕ НА СВОИТЕ ДРЖАВИ И ГИ ПУШТИЈА ПРОТИВ СВОИТЕ НАРОДИ БЕСНИТЕ КУЧИЊА НА ХИТЛЕРА! Од Черномел и Косово поле, па до нашиве денови, не се памти такво НАРОДНО ИЗДАЈСТВО. И ЗОШТО стана сичко това?
Затова оти, не бидујки НИКОЈПАТ НАРОДНИ, водејки постојано ПРОТИВНАРОДНА ПОЛИТИКА, скусујки ги крваво спечалените народни слободи, и вечно омразени од народот – кога пукна европејската војна и бесните кучиња на Хитлера ИМ ПОЧУКАЈА НА ВРАТА, тија дворови и правителства, ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД НАРОДОТ, ГО ПОВИКАЈА НА ПОМОЌ ХИТЛЕРА И КАПИТУЛИРАА ПРЕД НЕГО!
Само така кучето Хитлер можеше да ги прегази толку држави, за да го исполни својот лудешки план – да го завлада целиот свет! Најстрашното Хитлерово оружие не се неговите тенкови и аероплани, ами лагата, измамата и ИЗДАЈСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ВАЗАЛИ СПРЕМА НАРОДОТ. Това требе да се запамти убаво, за еден ден кога ке се суди! …“
Машинописен проглас на македонски јазик насловен „До целиот македонски народ. До сите честити Македонци!“.
Посочил: Sekula Vojvoda Fan Club