1896_Гоце Делчев до Никола Зографов, писмо (за врховистите)

1896_Гоце Делчев до Никола Зографов, писмо (за врховистите)

„… Голема надеж ми даваш за „Врховниот“ [ВМК], но да ти кажам ли, брате, тој комитет каков впечаток ми остави, како ми смрзнува крвта од нив, бидејќи јас не само што се сомневам дека ќе помогнат, туку и страхувам да не нанесат поголема штета на делото. Дека таму има луѓе, што мислат како нас (со мали но чувствителни разлики), лично се уверив, но „рибата смрди од главата”. Така е и со „Врховниот“, сè додека тој е раководен од такви лејки грандомани – генералот [1*], оглупавениот од старост Ковачев [2*] и други, дотогаш тој нема да тргне во правилната и нужна насока, дотогаш тој комитет ќе биде само на име врховен. Има надеж, ако младите ги управуваат горенаведените, но под услов тие млади да се млади и на срце, а не само на години …“

1* Генeрал Данаил Николаев од Бесарабија – председател на ВМК, 1895-1896.
2* Јосиф А. Ковачев, преродбеник и бугарски национален деец родум од Штип, просветен деец и педагог, потпредседател на ВМК.